Спречен шверц на над четири тони месо од дивеч, ризичен по здравјето

Мобилен тим на Секторот на контрола и истраги спречи шверц на 4,4 тони месо од дивеч ризичен по здравјето на граѓаните, што возач на камион во сопственост на грчка фирма сакал да го внесе во државава, информира Царинската управа.

Месото од дивеч во вредност од 4 милиони денари, ниту било декларирано во царинската декларација ниту пак превозникот за него имал соодветен сертификат, и дозвола од соодветна надлежна институција Агенција за храна и ветеринарство. Во царинската декларација стоката е декларирана како „пластични палети и подвижни метални рафтови“ со вредност од 3.750 евра или само 5,6 проценти од вкупната вредност на стоката.

На терминал на граничен премин Табановце, инспектори со скенер извршиле контрола која што покажала дека во возилото освен декларираната стока има и друга стока која не е опфатена со царинската декларација. По отворање на возилото во 29 пластични палети е пронајдено замрзнато месо од разен дивеч, зајаци, фазани, еребици, за кои не поседувал никаква документација.

Против сторителот е поднесена кривична пријава заради прекршување на Кривичниот законик.

Заштита на здравјето на граѓаните и безбедноста на општеството е еден од клучните приоритети на Царинската управа, додаваат од оваа институција.

реклама
Чорба со пилешко и кнедли

Рецепт на денот: Чорба со пилешко и кнедли

Read more

Решена е вековната мистерија за националноста на Кристофер Колумбо

Read more

Се шират снимки од грозоморно руско „човечко сафари“: Ловат цивили со дронови

Read more

Силен земјотрес ја погоди Турција

Read more

Македонија

Здружението „Палиум“ реализираше настан за поддршка на палијативните пациенти

Read more

ДУИ откако е во опозиција ја смени песната, вели ВМРО-ДПМНЕ

Read more

Постудено утро, преку денот сончево и релативно топло

Read more

Митева најави скок на платите во образованието за 46%

Read more
 

Вести

Објавени нови воени мапи: Пресвртна точка во битката за клучниот град во Донецк?

Читај повеќе

Здружението „Палиум“ реализираше настан за поддршка на палијативните пациенти

Читај повеќе

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Читај повеќе

ДУИ откако е во опозиција ја смени песната, вели ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Двегодишно дете убиено во близина на границата меѓу Хрватска и Унгарија

Читај повеќе
  • play_arrow

Зеленски: Северна Кореја се приклучува на војната

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пустината Сахара се поплави за прв пат по децении

Читај повеќе

Албанија денеска ги почнува преговорите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Доставувач од Скопје лажно пријавил дека бил нападнат и ограбен

Читај повеќе