Спречена тепачка во соблекувалната на Рома

Един Џеко имал жестока расправија со соиграчот Стефан ел Шарави во соблекувалната, на полувремето од натпреварот на Рома против СПАЛ, пишува Corriere dello Sport.

На насловната страница на италијанскиот весник осамна приказната дека Џеко жестоко се расправал со Ел Шарави на полувремето од натпреварот што го губеше со резултат од 1:0.

Останатите играчи и тренерот Раниери наводно во последен миг спречиле расправијата да премине во физичка пресметка меѓу двајцата фудбалери.

„Многу луѓе интервенираа да се спречи расправијата меѓу Џеко и Ел Шарави да премине во боксерски меч“, пишува Corriere dello Sport.

Можно е двајцата фудбалери да бидат казнети кога ќе се вратат во Рим, но не е познато дали ќе бидат суспендирани или ќе поминат само со парични казни.

Наводно, причината за расправијата е банална – Ел Шарави непрецизно му додаде на Џеко, што дополнително го изнервирало капитенот на босанската репрезентација кој веќе бил нервозен.

Натпреварот заврши 2:1 во полза на СПАЛ.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе