Спремете ги паломите: Романтични филмови кои немаат среќен крај

Иако знаеме дека така ќе заврши, сепак сме погодени.

Повеќето романтични филмови имаат среќен крај и затоа толку многу ни се допаѓаат овие без хепиенд - затоа што се различни. За главните ликови нема среќен крај и поради тоа делуваат пореалистични од оние со „и живееја среќно до крајот на животот“.

Не дека сакаме да ве расплачеме, но ако ви е доста од типични романтични филмови, тогаш оваа листа е за вас. Сакаме главните ликови да завршат заедно и да бидат среќни на крајот од филмот, но тоа не се случува во овие. За некои, поради ова ваквите романитчни филмови се пореални, бидејќи многу пати во реалниот живот се случува љубовта да не успее и парот, колку и да изгледа идеален, да не остане заедно. За други, овие филмови се едноставно тажни. Тие исто така може да ви помогнат ако моментално поминувате низ раскинување бидејќи исто така ќе ви покажат дека овие врски не успеале и ќе ви дадат утеха. Како што во реалниот живот некои љубови немаат среќен крај, така е и во овие 9 филмови. Сепак, филмовите се сепак супер романтични!

Someone Great

Иако овој филм не е тажен на начин на кој ќе плачете додека го гледате, може да биде тажен за вас ако во моментов поминувате низ раскинување. Џени штотуку помина низ раскинување и нејзините пријатели и помагаат да го преболи тоа. Иако за момент се чини дека таа и бившиот ќе се вратат еден на друг, тоа не се случува. Ако сте во раскинување и ги имате истите надежи, ова ќе ве расплаче.

Remote video URL

A Walk To Remember

Филмовите во кои болеста интервенира и ги нарушува плановите на еден млад пар е нешто што никогаш не можеме да го гледаме рамнодушно до крај. A Walk To Remember е еден таков филм. Крајот ќе ве расплаче, 100%.

Remote video URL

Five Feet Apart

Пар кој се среќава во болница и се заљубува еден во друг, но страда од болест која ги спречува да се доближат еден до друг или да се допираат. Филмот е симпатичен, но крајот помага да се зацементира оваа приказна како тажна.

Remote video URL

Me Before You

Љубовна приказна која започнува случајно и неочекувано и завршува трагично е темата на оваа листа, а Me Before You е совршен филм за гледање доколку ви здодеаа типичните романтични филмови. Тој прикажува малку поинаква љубовна приказна, која за жал нема да има среќен крај.

Remote video URL

Brokeback Mountain

Енис и Џек се двајца овчари кои се заљубуваат еден во друг и развиваат многу интимна врска. Нивната врска станува комплицирана кога и двајцата се женат и им станува сè потешко да ја одржат врската иако меѓу нив има голема љубов и страст.

Remote video URL

The Fault in Our Stars

Кога приказната вклучува двајца тинејџери кои имаат рак, знаете дека приказната не може да заврши добро и среќно. Ако веќе не сте го гледале овој тинејџерски филм заснован на книгата на Џон Грин, дефинитивно треба.

Remote video URL

Titanic

Сите знаеме за Titanic, но секогаш можеме да го гледаме повторно. И повторно. Љубовната приказна на Џек и Роуз заврши трагично - не е спојлер бидејќи тоа веројатно сите го знаат. Само Роуз да се помрднеше малку!

Remote video URL

Seven Pounds

Иако не е типичен романтичен филм, добар дел од филмот има елементи на романтичен филм. Главниот лик Тим учествува во несреќа во која ќе загинат седум лица, вклучувајќи ја и неговата љубов - Сара. Вината го проголтува и на тој начин решава да спаси седум добри луѓе на кои најмногу им е потребна неговата помош. Во меѓувреме се заљубува во девојка Емили и како завршува приказната? Нема да ви го расипеме, но можеби ќе пуштиш солза кога ќе стигнеш до крајот.

Remote video URL

Call Me By Your Name

И конечно, летна љубовна приказна. Тажна, се разбира. Тимоти Шаламе е тука во главната улога на 17-годишник кој се заљубува во многу постар маж. Нема да откриеме многу, но можеби ќе заплачете заедно со некој од главните ликови.

Remote video URL
реклама

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Филм & ТВ

Muted е меѓу најгледаните серии на Netflix, сите ја коментираат последната сцена

Read more

Георгина ги украде погледите во Кан

Read more

Наскоро доаѓаат летните блокбастери

Read more

Топ 10 најсмешни блупери на Џим Парсонс како Шелдон

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Muted е меѓу најгледаните серии на Netflix, сите ја коментираат последната сцена

Читај повеќе
  • filter

Георгина ги украде погледите во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

Наскоро доаѓаат летните блокбастери

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најсмешни блупери на Џим Парсонс како Шелдон

Читај повеќе
  • play_arrow

Тина не си го сакала големиот хит награден со Греми: Ужасна и грозна песна

Читај повеќе

Почина Тина Тарнер

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Новата Софија Лорен во предизвикувачки фустан блесна во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

Спремете ги паломите: Романтични филмови кои немаат среќен крај

Читај повеќе

Џуд Ло создал парфем со мирис на пот, крв и измет, сакал да ја долови новата улога

Читај повеќе