Спутник V: Аплициравме за вакцината во ЕУ, имаме доказ

Креаторите на руската вакцина Спутник V објавија скриншот од нивната апликација до Европската агенција за лекови (ЕМА) за регистрација на вакцината, пренесува агенцијата ТАСС.

„Како одговор на Европската агенција за лекови, која рече дека не може да најде дека сме аплицирале за регистрација во Европската Унија, прикажуваме доказ дека тоа сме го сториле на 29 јануари. Нашата вакцина е веќе регистрирана во 24 земји“, се наведува во твитот на руската страна.

Скриншотот е објавен на официјалниот профил на Спутник V на Твитер:

URL

Европската комисија соопшти дека руската вакцина Спутник V не е дел од стратегијата на ЕУ за вакцинација, ниту пак за нејзино вклучување во стратегијата на ЕУ се дискутира со нејзините производители.

– ЕУ има пазар за вакцини кои подлежат на строги услови, а таму вакцините можат да дојдат, без оглед од каде доаѓаат, сè додека ги исполнуваат критериумите. Од друга страна, постои стратегија за вакцинација врз основа на која се избрани компании и се потпишани договори за вакцини, и ние не разговараме со производителите на Спутник V за пристапување кон нашата стратегија, изјави портпаролот на ЕК, Ерик Мамер.

Европската комисија додава дека вакцините што се дел од стратегијата на ЕУ подразбираат процес на инвестиции на ЕУ во развој на вакцини и производствени капацитети на територијата на ЕУ.

Во исто време, се нагласува дека земјите-членки имаат можност за билатерално договарање на договори со производителите на вакцини кои не се опфатени со стратегијата на ЕУ и притоа да преземат одговорност за употребата на овие вакцини исклучиво на своја територија.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе