Србија гласаше за европската резолуција за Украина, Вучиќ: Им се извинувам на граѓаните

Србија вчера гласаше за европска резолуција за Украина на Генералното собрание на Обединетите нации. Сепак, претседателот Александар Вучиќ смета дека неговата земја направила грешка и требало да биде воздржана, пренесува Анадолија.

„Мислам дека Србија згреши. Затоа им се извинувам на граѓаните на Србија и јас сам ја сносам вината за тоа, бидејќи веројатно сум уморен и оптоварен и не можам да направам сѐ“, рече Вучиќ за време на гостувањето на ТВ Хепи. Тој додаде дека Србија требало да се воздржи при гласањето за европската резолуција за Украина, исто како што беше и при гласањето за американската резолуција.

„Што се однесува до американската резолуција, гласавме точно како што треба, се воздржавме. Според мене, требаше да се воздржиме и за европската резолуција. И како што гледате, ова го кажувам во момент кога е сосема јасно дека поради ова ќе изгубам полза или политички поени во ЕУ. Верувам дека Србија требаше да се воздржи“, рече Вучиќ.

Тој тврди дека Србија не треба да се додворува ниту на Русија, ниту на САД.

Инаку, Генералното собрание на ОН усвои резолуција подготвена од Украина и нејзините европски сојузници на третата годишнина од рускиот напад врз Украина. Резолуцијата повикува на праведен и траен мир во Украина, итен прекин на непријателствата, целосно повлекување на Русија и дипломатски напори да се спречи понатамошна ескалација.

За оваа резолуција гласаа 93 земји, 65 беа воздржани, а 18 земји беа против, вклучувајќи ги САД и Русија.

САД не успеаја да го натераат Генералното собрание на ОН да ја усвои нивната резолуција со која се бара прекин на војната во Украина, без да се спомене руската агресија и територијалниот интегритет на нападнатата држава.

реклама

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Read more

Регион

Медиумите одбиваат да ги објават резултатите од излезните анкети по изборите во Албанија

Read more

Парламентарни избори во Албанија, соочени Рама и Бериша

Read more

Бугарскиот претседател најави референдум за влез во еврозоната

Read more

Како Вучиќ успеа да слета во Русија?

Read more
 

Вести

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Читај повеќе

Трамп: Добри работи можат да произлезат од средбата меѓу Русија и Украина

Читај повеќе

Прв коментар на Кремљ откако Зеленски се согласи на преговори со Путин

Читај повеќе

Косовец добил македонски пасош со лажен идентитет – се гонат две вработени во МВР

Читај повеќе

Трамп ветува: Лековите ќе поевтинат за 59%

Читај повеќе

Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст

Читај повеќе

На велопатека во Скопје се судрија велосипед и електричен мотор, едниот од возачите побегна

Читај повеќе

Левица предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот, знамето и химната

Читај повеќе
  • filter

Зошто треба да ја посетите ретроспективната изложба на Анета Светиева?

Читај повеќе