Србија и Албанија официјално домаќини на ЕУРО за фудбалери до 21 година

Макфакс/Кајгана
/ 05.02.2025 / 09:30

Србија и Албанија ќе бидат домаќини на Европското првенство 2027 за фудбалери до 21 година.

Шампионатот ќе биде отворен на стадионот „Караѓорѓе“ во Нови Сад“, додека финалето ќе се игра на националниот стадион во Тирана, кој ги исполнува стандардите за финален натпревар од вакво натпреварување.

Бидејќи се одржува во годината пред Олимписките игри, ова ќе биде и квалификациски турнир за Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година, каде место ќе обезбедат најдобрите 4 европски селекции.

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) покажа доверба во Србија и Албанија да организираат многу сериозно натпреварување, на кое ќе учествуваат 16 репрезентации.

Србија ќе биде домаќин во Нови Сад, Лесковац, Лозница и Зајечар, а градови домаќини во Албанија ќе бидат Тирана, Скадар, Драч и Елбасан.

Да потсетиме, овогодинешното издание на ЕУРО за фудбалери до 21 година го организира Словачка, а титулата ја брани Англија.

Македонија досега има еден настап на завршницата, на ЕУРО 2017 во Полска.

Стадиони:

„Арена Комбетаре“ - Тирана
капацитет: 22.000

„Елбасан Арена“ - Елбасан
капацитет: 12.800

„Лоро Боричи“ - Скадар
капацитет: 16.000

„Егнатиа Арена“ - Рогожина
капацитет: 4.000

„Караѓорѓе“ - Нови Сад
капацитет: 14.800

„Дубочица“ - Лесковац
капацитет: 8.136

„Краљевица“ - Заечар
капацитет: 8.168

„Лагатор“ - Лозница
капацитет: 8.030

реклама

Фудбал

Марсело замина во пензија

Read more

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Read more

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Read more

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Read more
 

Спорт

Откриени платите на Ф1 возачите за оваа сезона, разликите се огромни

Читај повеќе
  • play_arrow

Марсело замина во пензија

Читај повеќе

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Читај повеќе

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Читај повеќе

Хамилтон на заминувањето од Мерцедес на секој од 3.000 вработени му дал ист подарок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Читај повеќе

Фудбалерите до 21 година добија тешка квалификациска група

Читај повеќе
  • play_arrow

Одличната партија на Јокиќ во сенка на неговиот најголем МВП конкурент

Читај повеќе

Премиерлигашките судии од следната сезона на микрофон ќе ги објаснуваат ВАР одлуките

Читај повеќе