Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Сараево ѝ донираше на Босна и Херцеговина 5.000 вакцини против COVID-19 на AstraZeneca.
На сараевскиот аеродром Вучиќ беше пречекан од претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик и од бошњачкиот член на Претседателството, Шефик Џаферовиќ.
Иако беше најавено дека Вучиќ ќе биде пречекан од тројцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, не присуствуваше хрватскиот член Жељко Комшиќ.
Вучиќ најави дека во следните неколку дена во Босна и Херцеговина ќе пристигнат уште 5.000 дози вакцини.
Босна и Херцеговина е трета земја во регинот на која Србија ѝ донира вакцини, по Северна Македонија и Црна Гора.