Србија и Русија очекуват почеток на заедничко производство на вакцини

Сè е подготвено за пристигнување на руските експерти во Србија, очекуваме дека Србија во иднина ќе ја произведува вакцина Sputnik V на нејзина територија, изјави министерот без ресор задолжен за иновации Ненад Поповиќ по средбата што ја одржа во Москва со рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров, јави дописникот на МИА од Белград.

Средбата меѓу Поповиќ и Мантуров е закажана по итна постапка, веднаш по телефонскиот разговор меѓу претседателот Александар Вучиќ и претседателот Владимир Путин, се наведува во соопштението од кабинетот на министерот.

-Мантуров ја изрази својата целосна посветеност на овој процес и посочи дека Србија е приоритет на Руската Федерација кога станува збор за заедничко производство на вакцини, но и продолжување на испораката на вакцини до Србија, изјави Поповиќ.

Тој посочи дека руската делегација ќе биде предводена од претставници на Министерството за индустрија и трговија на Русија и ќе се состои од водечки технолози на познатиот институт Гамалеј, претставници на руските власти одговорни за одобрување вакцини, како и челници на Рускиот фонд за производство и дистрибуција на вакцини.

-Задачата на оваа делегација е да утврди колку брзо и во која мера Србија може да го започне производството на руската вакцина во Торлак. Составот на руската делегација покажува дека Русија е многу заинтересирана да ѝ помогне на Србија да воспостави капацитети за производство на вакцини што е можно поскоро. Член на делегацијата ќе биде и еден од главните технолози што ја развија вакцината Sputnik V, кој ги обучи сите руски производители како да ја произведуваат оваа вакцина,кажа Поповиќ. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе