Србија ѝ упати нота на Хрватска, откажани службени посети на Загреб

Министерството за надворешни работи на Србија, поради забраната на српскиот претседател Александар Вучиќ да го посети приватно Јасеновац, испрати нота до хрватската амбасада во Белград, која вршителот на должноста одби да ја прими, јави дописникот на МИА од Белград.

Ова го соопшти министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ на вонредна прес-конференција.

Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска, во образложението на забраната за приватната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ на Јасеновац, соопшти дека Хрватска не била официјално информирана за можната посета, но и дека посетата на висок претставник на странска држава на Јасеновац не може да биде од приватен карактер.

-Ова е застрашувачка одлука на хрватската влада, а Владата на Србија ќе донесе одлука за контрамерките што ќе бидат воведени, кажа министерот Селаковиќ.

Потпретседателот на Владата на Србија и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ ја откажа официјалната посета на Загреб поради забраната на Хрватска на српскиот претседател Александар Вучиќ приватно да го посети Јасеновац.

Како што се наведува во соопштението од кабинетот на вицепремиерката Михајловиќ, таа во вторник во Загреб требаше да се сретне со министерот за економија и одржлив развој на Хрватска, Давор Филиповиќ, каде главна тема на разговор требаше да бидат регионалната соработка и гасната интерконекција.

-Средбата беше организирана со цел да се разговара за тоа како да работиме на зголемување на енергетската безбедност на целиот регион преку конкретни проекти и соработка и заеднички да одговориме на предизвиците на 21 век. Наместо да покажеме почит кон сите жртви и да бараме начини да изградиме заедничка подобра иднина, како што тоа го прави Србија, со ваквите потези само се враќаме во минатото и го спречуваме подобрувањето на односите меѓу двете земји во областите каде што има реална потреба за соработка, се наведува во соопштението на Михајловиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на Инстаграм профилот „будучностсрбијеав“ објави фотографија од споменикот во Јасеновац со коментар „Само вие работите си ја својата работа. Српскиот народ ќе живее и никогаш нема да заборави“.

Споменикот Камен цвет е монументален споменик посветен на сите жртви кои беа убиени од усташите во логорот Јасеновац за време на Втората светска војна.

Како што соопшти на прес-конференцијата министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, во врска со оваа состојба Вучиќ утре ќе ѝ се обрати на јавноста.

реклама

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Додека другите војуваат, Кина воведува закон за „етничко единство“

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Вучиќ и Рама со предлог за ЕУ: Србија и Албанија во Шенген, но без вето

Read more

Србија увезува најмногу оружје од сите земји во регионот

Read more

Србија забрани извоз на нафта и горива поради недостиг

Read more
 

Вести

Санчес не му крева на Мерц: Биравте погрешен број

Читај повеќе

Русија гради нуклеарен контејнерски брод за арктичкиот коридор

Читај повеќе

Насилство меѓу малолетници-чираци во берберница во Арачиново

Читај повеќе

Извлечено тело на жена од Вардар во Скопје

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе

Русите не се плашат од бомби: Продолжуваат да градат нуклеарки во Иран

Читај повеќе

Португалски полицајци осомничени за мачење и силување, деветмина во притвор

Читај повеќе

166 милиони денари повеќе во буџетот на Скопје: Кружен тек кај Народна банка, две катни гаражи во Клинички

Читај повеќе
  • play_arrow

Тетовецот Рене Реџепи се повлекува од Noma, го обвинуваат за малтретирање на вработените

Читај повеќе