Србија ќе испрати 8.000 вакцини од Pfizer, најави Заев

Република Србија ќе испрати помош од најмалку 8.000 вакцини од Pfizer, соопшти денеска перемиерот Зоран Заев пред Граѓанскиот суд во Скопје по рочиштето со новинарот Зоран Божиновски.

„Сакам да ја споделам оваа среќна вест, понудената помош од Република Србија од претседателот Александар Вучиќ ја прифативме, денеска разговарав со него, тие прифатија да ни помогнат, а деталите ќе ги утврдиме во текот на денот, она што можеа да го потврдат е 8.000 вакцини од Pfizer, а за другите треба да проверат во договорите дали смеат да донираат и од нив“, истакна Заев.

Тој, во името на македонскиот народ, изрази благодарност до претседателот на Србија Александар Вучиќ, до Владата и до српскиот народ за пријателскиот чин на солидарност и информираше дека Вучиќ понудил вакцините да ги донира.

„При прифаќање на нашите барања, Вучиќ понуди да помогне со вакцини и тој рече дека сака и да ги донира тие, но ние сме земја и имаме пари и ќе си ги платиме, па потоа потврди дека ќе ги дадат по набавна цена, односно по цената која Србија ги набавила вакцините“, појасни Заев.

Премиерот информираше дека деталите за вакцините од Србија ќе ги договараат министерите за здравство, и дека тој денеска ќе има разговор со премиерката Брнабиќ за транспортот и регистрацијата на лекот кој се утврдува од соодветните агенции за лекови на двете земји.

Заев информираше дека во последната недела бараат помош и поддршка и од други земји за, како што рече, да ни дадат  помош за да можеме да почнеме додека не стигнат првите 5.850 вакцини во февруари.

Првите вакцини кои ќе пристигнат во нашата земја, премиерот Заев рече дека се за здравствените работници кои работат во ковид центрите, а потоа за ризичните групи на граѓани со хронични болести, возрасните, за членовите од семејствата кои изгубиле човек од COVID-19 и други.

Заев: Моите чувства се повредени, очекував извинување од Божиновски

За денешното судење со новинарот Божиновски, Заев изјави:

„Кога ќе се поминат границите неколкупати да сте келеветени, да сте навредувани, пред сè на лични чувства, а после тоа дури и на политичката  функција која што ја извршувате, еден ден треба да кажете стоп и да поднесете тужби, само така можеме во државата да одмериме до каде е дозволиво газењето на чувствата на граѓаните, вклучително и на мене како претседател на Владата, изјави премиерот Зоран Заев пред Граѓанскиот суд по рочиште со новинарот Зоран Божиновски.

Заев додава дека како носител на извршната власт, нормално е да биде на удар на критичката власт, но дека сепак граница треба да се има за сè.

„Кога ќе поминат нормалните граници кога ќе бидат повредени чувствата, кога сте исклеветени, кога сте навредени, кога вашите деца се исправени да ве прашат зошто некој ве кажува дека сте дел од рекет акција, дека сте од криминална група, дека правите штета во милионски суми на државата, или слично, ги поминува границите. Верувам дека со личните чекори коишто ги преземаме или не превземаме, а во функција дека многу често не сум превземал дејствија да поднесам тужба освен кога ќе се поминат сите граници и ќе се помине тој мегник којшто го кажувам, тогаш ја испраќам пораката дека еднаш нешто мора да застане и да престане затоа што е премногу“, заклучи Заев.

Тој нагласи дека неговите очекувања биле денеска да добие извинување, меѓутоа не го добил, па поради тоа ќе оставел судот да одлучи понатаму.

Заев го тужи Божиновски за клевета, по објавен Facebook статус во кој новинарот открива наводен рекет од 60 милиона евра кој го зеле премиерот и тогашниот вицепремиер Кочо Анѓушев.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе