Србија на штрек: Вчера 325 нови случаи, денеска се очекува подобрување

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар изјави дека очекува подобрување на денешниот пресек на состојбата со коронавирусот во земјата.

Тој додаде дека и да има подобрување, граѓаните не смеат да се опуштат.

Србија вчера забележа рекордни 325 нови случаи на коронавирус од 7.434 тестирања. Во 24 часа починаа 8 пациенти, а во земјата има 2.347 активни случаи.

Од почетокот на епидемијата во Србија се потврдени вкупно 15.829 случаи на коронавирус, починале 306 лица, а 13.064 се оздравени.

Пред два дена градоначалникот на Белград Зоран Радојчиќ, на предлог на Штабот за вонредни ситуации, донесе одлука за прогласување вонредна ситуација. Вонредната ситуација беше воведена поради спроведување на превентивни заштитни мерки и заштита на животите на населението во услови на пандемијата на COVID-19.

Белградскиот градоначалник прецизираше дека Одлуката се носи поради спроведување на процедурата за воведување на три нови мерки, со цел спречување на ширењето на COVID-19.

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека парично ќе бидат казнети лицата кои нема да носат заштитни маски во трговските центри и јавниот градски и меѓуградски превоз. Ќе бидат затворени и студентските домови затоа што голем број студенти се заразени.

Бројот на луѓе собрани во затворено е ограничен на 100, на растојание и со маски, а на отворено на 500 лица.

Ситуацијата во Белград е најпроблематична затоа што повеќе од 82 проценти од сите заразени се регистрирани во главниот град на Србија.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе