Србија: Повредени 118 полицајци, приведени 153 лица, нови протести најавени за вечерва

Директорот на српската полиција Владимир Ребиќ изјави денеска дека во текот на дводневните протести се повредени 118 полициски службеници на кои им е укажана помош во здравствените установи во повеќе градови низ Србија, а синоќа се приведени 153 лица.

– Граѓаните и синоќа беа сведоци на неверојатни размери на насилство во Белград, туку и во Нови Сад, Ниш и Крагуевац. Такво насилство е неприфатливо и полицијата ќе ги преземе сите мерки со цел да го спречи насилството на улиците, а хулиганите ќе одговараат, истакна Ребиќ.

Тој додаде дека е причинета голема материјална штета, бидејќи демонстрантите го оштетиле имотот на граѓаните, како и јавниот имот.

– Уништуваа автомобили, прозорци, излози, палеа контејнери. Во Нови Сад се искршени стакла на Радиотелевизија Војводина и запален оган на влезот во Градската куќа, додека во Ниш и Крагуевац се уништени полициски автомобили и фрлани камења врз зградата на полициската управа во тие градови. Благодарејќи на координираната реакција на полицијата, успеавме да воспоставиме контрола на улиците во текот на ноќта, нагласи Ребиќ.

Ребиќ, меѓу другото, додаде дека на протестите можеле да се забележат и одредени политичари, кои „со тоа покажуваат дека поддржуваат насилство и немири на улиците“.

Седи доле!

На социјалните мрежи се шират повици за продолжување на протестите во Белград, со слоганот „Седи доле!“, а исто така и во Нови Сад, Ниш, Чачак, Крагуевац, Нови Пазар и Зрењанин.

– Вечерва #СедиДоле бидејќи граѓаните кои не сакаат немири и судири треба да се одвојат од ангажираните групи хулигани, кои ќе предизвикаат судири!, напиша на својот Twitter профил политикологот Вук Велебит, чија идеја е мирните учесници на протестот да се дистанцираат од оние кои ја напаѓаат полицијата и предизвикуваат инциденти.

Повикот до сограѓаните вечерва во 18 часот да дојдат пред српскиот Парламент го сподели и лидерот на Движењето на слободните граѓани, Сергеј Трифуновиќ, нагласувајќи да облечат бели маици, со што ќе покажат дека „не се предавници и хулигани, а со тоа ќе се направи јасна дистанца меѓу полициските хушкачи и ние кои ќе дојдеме да изразиме незадоволство“.

Во Нови Сад, како што јави 021.рс, протестот ќе продолжи вечерва во 18 часот на Плоштадот Слобода.

„Јужни вести“, исто така, објавува дека протестите вечерва продолжуваат во Ниш, Врање и Лесковац, а организаторите им порачале на сите кои планираат да ја напаѓаат полицијата да не доаѓаат.

Најавено е дека од вечерва протестот ќе го обезбедува Синдикатот на војската и полицијата.

Жители на Нови Пазар преку социјалните мрежи од синоќа почнаа да ги повикуваат своите сограѓани да излезат на протест, кој неофицијално е закажан за вечерва во 19 часот во центарот на градот. Еден од организаторите на собирот е Ирфан Угљанин, кој во разговор за Нова.рс, истакнал дека станува збор за мирен протест, каков што им доликува на граѓаните од овој град, кои се наоѓаат во една од најтешките ситуации досега.

Твитерџиите од Чачак, исто така, споделуваат информација за вечерашниот протест.

На социјалните мрежи се појави и повик за протест во Зрењанин.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе