ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ПАРИЗ 2024

Србија се врати од -24, ја победи Австралија и сега ги чека САД во полуфиналето

Српските кошаркари се пласираа во полуфиналето на турнирот на Олимписките игри во Париз, откако денеска во четвртфиналниот натпревар ја совладаа селекцијата на Австралија со 95:90.

Иако Србија подобро го отвори натпреварот, првата четвртина целосно ѝ припадна на Австралија која имаше 14 поени предност.

Во втората четвртина Австралија продолжи да погодува речиси сѐ што се обиде, па во еден момент предноста изнесуваше неверојатни 24 поени (44:20). Сепак, Србија успеа малку да се извлече, па до заминувањето на пауза ја намали негативата на минус 12.

Во продолжението од играта Србија се прероди и во средината на третата четвртина дури успеа да го сврти резултатот (61:60). До влегувањето во последната четвртина се играше главно кош за кош.

Во слично темпо се играше и во последната четвртина, во која Србија имаше константна минимална предност. Сепак, по драмата на крајот, брилијантниот Милс ја спаси Австралија и го одведе мечот во продолжение.

Следуваше нова драма во која Србија помина подобро и на крајот успеа да ги совлада упорните Австралијци и да избори пласман во следната рунда на олимпискиот турнир.

Најдобар кај Србија беше Никола Јокиќ кој имаше дабл-дабл со 21 поен и 14 скока, додека Богдан Богдановиќ постигна 15 поени. Кај Австралијците најдобар беше Пари Милс со 26 поени, а Џош Гиди постигна 25.

Remote video URL

Србија во полуфиналето на олимпискиот турнир ќе игра против победникот од мечот помеѓу Бразил и САД (вечер, 21:30), а според сѐ вистински шок би било доколку тоа не биде Дрим Тимот.

реклама

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Што е најевтино за возење: Електричен автомобил, бензинец или дизелаш?

Read more

Која е најдобрата заштита за автомобил од град?

Read more

Кливленд шокатно испадна, пирови 44 поени на Јокиќ

Read more

Кошарка

Кливленд шокатно испадна, пирови 44 поени на Јокиќ

Read more

Мајкл Џордан ќе стане стручен коментатор на НБА натпреварите

Read more

На прагот сме на голема сензација и елиминација на Бостон и Голден Стејт

Read more

ЕвроБаскетот 2029 ќе се игра во Грција

Read more
 

Спорт

Романо: Алонсо целиот свој живот се подготвуваше за овој момент

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Барса нема да слави на теренот ако утре стане шампион?

Читај повеќе

Иконската Сампдорија падна најниско во својата богата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Кливленд шокатно испадна, пирови 44 поени на Јокиќ

Читај повеќе

Интер со најголема заработка меѓу италијанските клубови во историјата на ЛШ

Читај повеќе

Мајкл Џордан ќе стане стручен коментатор на НБА натпреварите

Читај повеќе
  • play_arrow

Сити го краде најдобриот играч на Милан како замена за Де Брујне

Читај повеќе

Бразил мора да ги менува правилата за пушење поради Анчелоти

Читај повеќе
  • play_arrow

На прагот сме на голема сензација и елиминација на Бостон и Голден Стејт

Читај повеќе