Србија трета во Европа и седма во светот по бројот на вакцинирани

Во Србија досега се вакцинирани 322.598 лица против коронавирус, јави дописникот на МИА од Белград.

Според тоа, Србија е на третото место во Европа според бројот на вакцинирани на милион жители, по Велика Британија и Малта, соопштија од српската влада.

Во регионот, Србија е прва според бројот на вакцинирани на милион жители, по што следуваат Романија и Словенија.

Во регионот во однос на вкупниот број вакцинации, Романија е на прво место со 528.378 вакцинирани граѓани.

Повеќе од 70 милиони луѓе во 65 земји примиле една од седумте вакцини за коронавирус што се користат, а Србија со 4,5 поделени дози на 100 жители е седма на генералната листа и втора меѓу европските земји.

На табелата, објавена од Financial Times, според бројот на вакцинирани убедливо прв е Израел со дадени 44,7 дози на вакцини на 100 жители.

По Израел, најмногу вакцини дадени се во Обединетите Арапски Емирати – 27,4 дози на 100 жители.

Според податоците на Financial Times, следат Велика Британија со 11, Бахреин со 8,8, САД со 7,1 и Порторико со 5,9 дадени дози на вакцина на 100 жители.

Сличен процент на жителите како и Србија (4,5) вакцинирани се во Исланд (4,2) и Малта (4,2). Следат Данска (3,7), Ирска (2,9), Словенија (2,8), Шпанија и Романија со 2,7 дози вакцина на 100 жители.

Според табелата на Financial Times во Италија вакцинирани се 2,5 отсто од населението, во Литванија 2,4 проценти, 2,3 отсто во Германија и Швајцарија и 2,2 проценти во Канада.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе