Србија: Уапсени 47 лица поради корупција и злоупотреби

Српската полиција денеска уапсила 47 лица и поднела кривични пријави против уште 19 поради сомневања дека од 2005 година нанеле штета од 17,5 милиони евра на државниот буџет на Србија, на покраината Војводина, на градот Белград, но и на компании и поединци.

Станува збор за кампања за сузбивање кривични дела од областа на перењето пари, финансиски криминал и корупција, поврзано со злоупотреби на службените овластувања и позиции во државните органи.

Акцијата „Плутон 2“, е спроведена во 19 градови ширум Србија: Белград, Панчево, Нови Сад, Сремска Митровица, Сомбор, Зрењанин, Суботица, Ваљево, Смедерево, Јагодина, Ужице, Крагуевац, Краљево, Ниш, Лесковац, Врање, Пирот, Прокупље и Нови Пазар.

Според соопштението на српското МВР, осомничените се товарат за даночни затајувања, злоупотреби на функциите и овластувањата во економијата, ненаменско трошење пари од државниот буџет, проневери, фалсификувања на службени документи, измами и тешки кражби.

Меѓу уапсените е и поранешниот началник на Одделот за прехранбени производи во Републиката дирекција за стокови резерви, некогашен директор на Здравствениот дом во Инџија, лекари, градежни инспектори, матичари, инвеститори..

Во Нови САД три лица се товарат дека со злоупотреба на функциите го оштетиле Клиничкиот центар на Војводина во милионски суми.

Српската полиција уапси во слична акција против финансискиот криминал, злоупотреби и корупција на 1 март уапси 53 лица, против 25 се поднесени кривични пријави, а сите се осомничени дека на државниот буџет му нанеле штета поголема од 10 милиони евра.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе