Грчките власти соопштија дека српски државјанин е уапсен откако ја преминал границата од Македонија на пат кон одморалиште во северна Грција, каде што одел со сопругата и ќерката, пренесува AP.
Уапсениот Србин тврди дека бил регрут на ЈНА, но негира дека извршил какво било кривично дело за време на акциите што доведоа до смрт на цивили од 19 август до 14 декември 1991 година во хрватските градови Воцин и Зујати.
Приведениот е однесен во Солун, каде ќе се појави пред обвинителот, а советот од тројца судии потоа ќе го разгледа барањето за екстрадиција во Хрватска.