Дури 93% од испитаниците во Србија рекле дека општеството е многу или прилично поделено, покажаа резултатите од истражувањето на BBC.
Анкетата беше спроведена во 11 европски земји: Белгија, Франција, Германија, Унгарија, Италија, Полска, Шпанија, Шведска, Србија и Велика Британија.
„Сличен тренд има и низ цела Европа – најмалку тројца од четворица испитаници рекле дека нивното општество е многу или прилично поделено“, вели Глен Годфрид од „Ипсос Мори“, британското претставништво на глобалната компанија за истражување на јавното мислење.
Готфрид вели дека жителите на Европа сметаат дека разликите станале уште поизразени.
„Ова можеби е последица на политичката клима и свртувањето кон десницата што може да се посведочи на целиот континент, или политичката клима е резултат на зголемените тензии во општеството. Овие две работи се поврзани“, вели тој.
Повеќето Европјани сметаат дека поделеноста во нивната земја е поизразена отколку пред 10 години, а 47% сметаат дека нивното општество е помалку толерантно во споредба со претходно.
Половина од британските испитаници рекле дека најголема поделеност има на имигранти и староседелци. Тоа е најчестата основа на поделеност во Велика Британија, а потоа следат религиските разлики (47%), националноста (41%) и политичките ставови (40%).
Поделеноста на „имигранти и домашни“ е изразена и во Германија и Франција.