Србите имаат најподелено општество во Европа

Дури 93% од испитаниците во Србија рекле дека општеството е многу или прилично поделено, покажаа резултатите од истражувањето на BBC.

Анкетата беше спроведена во 11 европски земји: Белгија, Франција, Германија, Унгарија, Италија, Полска, Шпанија, Шведска, Србија и Велика Британија.

„Сличен тренд има и низ цела Европа – најмалку тројца од четворица испитаници рекле дека нивното општество е многу или прилично поделено“, вели Глен Годфрид од „Ипсос Мори“, британското претставништво на глобалната компанија за истражување на јавното мислење.

Готфрид вели дека жителите на Европа сметаат дека разликите станале уште поизразени.

„Ова можеби е последица на политичката клима и свртувањето кон десницата што може да се посведочи на целиот континент, или политичката клима е резултат на зголемените тензии во општеството. Овие две работи се поврзани“, вели тој.

Повеќето Европјани сметаат дека поделеноста во нивната земја е поизразена отколку пред 10 години, а 47% сметаат дека нивното општество е помалку толерантно во споредба со претходно.

Половина од британските испитаници рекле дека најголема поделеност има на имигранти и староседелци.  Тоа е најчестата основа на поделеност во Велика Британија, а потоа следат религиските разлики (47%), националноста (41%) и политичките ставови (40%).

Поделеноста на „имигранти и домашни“ е изразена и во Германија и Франција.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе