Срцев удар е причината за смртта на работникот во радовишки „Бучим“

Штип, 6 февруари 2019 (МИА) – Срцев удар е причината за смртта на Љупчо Наков, вработен во рудникот „Бучим“ во Радовиш, вели за МИА, заменик менаџерот, Николајчо Николов. Наков бил вработен како возач на цистерна за нафта, но во критичниот момент, на друг возач на цистерна му покажувал каде треба да се движи со цистерната низ рудникот, што е површински коп. Николов реагираше и на лажните вести што се појавија на одредени веб портали за смртта на Наков во радовишкиот рудник.

– Во оваа прилика ми е многу жал што некои портали објавија веќе дека во рудникот „Бучим“ загинал работник, кој паднал од голема висина. Жал ми е што луѓето си дозволуваат да објавуваат такви непроверени информации, при што треба да се има во предвид дека Љупчо Наков има свое семејство и сите кога ќе слушнат ќе се прашуваат што е вистината, вели Николов.

Имено, починатиот работник бил регистриран дијабетичар, а имал и срцеви проблеми. Во моментот кога му се слошило, од страна на медицинската екипа на „Бучим“ е префрлен во Здравствениот дом во Радовиш, каде лекарите констатирале смрт. 

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Хроника

Двајца стружани се расправале со гости во кафеана, оштетиле неколку автомобили, истепале охриѓанец, па биле агресивни со полицајците

Read more

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Read more

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Read more

Сообраќајка со полициско возило во Скопје, шестмина повредени

Read more
 

Вести

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Читај повеќе

Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот законик за сите да имаат еднакви шанси на изборите

Читај повеќе

Руската армија почна со повлекување од Нагорно-Карабах

Читај повеќе

Бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите, 18 април

Читај повеќе

Јакимовски не го потпиша кодексот за фер и демократски избори: Големите партии веќе го прекршија Изборниот законик

Читај повеќе

Грејната сезона продолжува поради временските услови

Читај повеќе

Кривична против Курто Дудуш: За директори на градинка именувал лица кои не биле вработени во градинката

Читај повеќе