Сребрена палма за „Врба“ на Манчевски во Валенсија

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ја освои престижната Сребрена палма на филмскиот фестивал во Валенсија, Шпанија. Жирито на 35. издание на еден од најголемите европски фестивали синоќа му ја додели наградата со образложение дека е „одлично режиран филм што го истражува концептот на мајчинството низ потрагата по љубов на три жени“.

Како што соопшти „Банана филм“, ова беше многу успешна недела за „Врба“ во која освои две награди на два континента – Сребрената палма ја круниса шпанската премиера, а во понеделникот доби награда за Најдобар филм на фестивалот Cinequest во САД, каде ја имаше американската премиера.

Режисерот Манчевски лично присуствуваше во Валенсија, а неговиот филм имаше одлични одгласи во шпанските медиуми. Во ласкавите оценки на шпанската критика за „Врба“ се вели дека е „величествен филм“, „брилијантен, перфектно балансиран“, „ Манчевски мајсторски ги испреплетува трите приказни“, „им пристапува на овие многу женски искуства со најголема почит и чувствителност“, „две моќни, предизвикувачки и прекрасно одиграни драми“, како и дека: „Емоционалните предизвици на бременоста и посвојувањето се рефлектираат со толку многу вистина, чувствителност и почит што се чини неверојатно дека ова женско дело е режирано од маж. Манчевски тврди дека ‘луѓето се луѓе’ и дека ‘Врба’ зборува за човечките искуства“.

Двете награди неделава за „Врба“ се надоврзуваат на големите интернационални успеси изминатиов период. Во септември беше избран во селекцијата за престижната награда за најдобар филм на Европската филмска академија (ЕФА) позната и како Европски Оскар, а доби и две номинации (за најдобар игран филм и за најдобар режисер) на еден од најголемите фестивали за независен филм Raindance во Лондон, кој ќе се одржи во ноември.

Во изминатава една година од светската премиера на фестивалот во Рим, „Врба“ постигна рекорди во кино и ТВ прикажувањето дома, одлични критики во светските медиуми, над 20 фестивали на четири континенти и четири награди, а филмот го продолжува фестивалскиот поход со несмалено темпо што времено беше запрено поради COVID-19 пандемијата. Се очекува следната недела „Врба“ да се врати и во македонските кина, како дел од програмата на кино Синеплекс во Скопје.

Новиот филм на Манчевски „Кајмак“ доби поддршка и од данската држава – од Данскиот филмски институт, а дански продуцент на филмот е славната Мета Луис Фолдагер Серенсен, продуцентката на филмовите „Melancholia“ и „Antichrist“ на Ларс фон Трир, на данскиот кандидат за Оскар „En kongelig affære“ и на „The Wife“ за кој Глен Клоус доби номинација за Оскар, како и на хит сериите „Borgen“ и „Ragnarok“. „Кајмак“ е поддржан во првиот рок на одлучување на конкурсот на Агенцијата за филм, како проект со мнозински македонски удел, а во него се активни продуценти од дури осум држави: Данска, Обединето Кралство, Белгија, Луксембург, Полска, Унгарија, Албанија и Словенија.

реклама

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Претепан возач на пајак-службата

Read more

Израел подготвува план за заминување на Палестинците од Газа: Нека ги примат Шпанија, Ирска, Норвешка, Канада

Read more

Ништо нема да оди како што треба: Знаци на кои не им се пишува добро во февруари

Read more

Филм & ТВ

Тоти и Дел Пјеро во новата реклама за Captain America: Brave New World

Read more

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Лав Хјуит: Сите ги коментираа моите гради кога имав 16 години

Read more

Ќе се рестартира Buffy the Vampire Slayer со Сара Мишел Гелар

Read more
 

Сцена

  • play_arrow
  • filter

Тоти и Дел Пјеро во новата реклама за Captain America: Brave New World

Читај повеќе
  • play_arrow

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Читај повеќе
  • play_arrow

Лав Хјуит: Сите ги коментираа моите гради кога имав 16 години

Читај повеќе

Ќе се рестартира Buffy the Vampire Slayer со Сара Мишел Гелар

Читај повеќе
  • play_arrow

Шакира со стомачен танц ја запали сцената на Греми

Читај повеќе
  • play_arrow

Одржани 67. Греми награди: Доминацијата на Бијонсе продолжува

Читај повеќе
  • play_arrow

Фин Вулфхард за петтата сезона на Stranger Things: Не можеше подобро да заврши

Читај повеќе

Добиваат ли оскаровците пари и кои се придобивките од оваа престижна награда?

Читај повеќе

Шварценегер снимен во Австрија како ужива во познат специјалитет

Читај повеќе