Среде Лондон откопан голем римски мозаик

Градежна парцела во центарот на британската престолнина стана археолошка Мека откако претходно таму беа пронајдени остатоци од римска населба, а сега на површината излезе и прекрасен мозаик.

На местото каде треба да никнат станбени згради во лондонската општина Саутварк градежните работи во самиот старт беа прекинати откако при навлегувањето во земјата на површината излегоа остатоци од римски градби. Сега просторот го истражуваат археолози кои наидоа на неверојатно откритие.

Се работи за најголемиот римски мозаик откриен во Лондон во последните 50 години. Мозаикот е квалитетно декориран со цветови во различни бои, геометриски шеми и мотиви во уникатен стил. Се претпоставува дека некогаш мозаикот го красел подот на римска трпезарија.

„До вакво откритие во Лондон се доаѓа еднаш во животот. Ми претставува привилегија да работам на толку големо место каде римската археологија и во голема мера недопрена од модерната активност - кога првите зраци на бои почнаа да изникнуваат од почвата сите на местото беа возбудени“, вели Антониета Лерз, супервизор при Музејот на лондонска археологија (МОЛА).

Мозаикот прикажува цветови лотос, како и шема позната како Соломонов јазол. Д-р Дејвид Нил, поранешен археолог при Англиско наследство и експерт за римски мозаици, смета дека за овој дизајн е одговорна групата Акантус - тим на создавачи на мозаици кои твореле во Лондон во свој препознатлив стил.

Додека мозаикот е датиран некаде помеѓу 2 и 3 век од новата ера, траги од постар мозаик навираат под него, што значи дека просторијата била реновирана низ годините.

Иако Саутварк сега е во централниот дел на Лондон, во римско време ова место било на самата периферија од римскиот Лондониум, реон околу северниот брег на реката Темза што денес грубо коренспондира со центарот на Лондон.

Чудо е како мозаикот останал неоштетен низ вековите во самиот центар на модерен Лондон. Ова парче земја било оставено како поле сѐ до 17 век, а потоа биле градени градби, но за среќа на мозаикот биле со плитки подруми. Веднаш до мозаикот има ѕид изграден во 17 век, кој доколку бил само еден метар по на запад, поголемиот дел од мозаикот ќе бил уништен.

Локација на Општина Саутварк во Лондон

Просторијата каде бил мозаикот веројатно содржела маси и столови за јадење каде луѓето се собирале на гозби, а можеби била и дел од римски мансус - надграден мотел за државни курири и официјални лица кои патувале во и од Лондониум.

Римски мансус

Мозаикот ќе биде внимателно евидентиран и проценет пред тим од експерти конзерватори да го извадат од местото и да го пренесат на друга локација за подетална конзервација. Во план е потоа мозаикот да биде јавно изложен.

Римјаните во 43 година од новата ера предводени од императорот Клавдиј извршиле инвазија на Британија. Помеѓу 48 и 50 година го оформиле градот Лондониум. Во 410 година завршила римската контрола на Британија.

реклама

Вести

Microsoft воведува функција што ја чекавме со децении - Windows се поправа сам

Read more

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Read more

Научниците предлагаат нов начин за потрага по вонземен живот, постоечките вселенски летала би можеле да помогнат

Read more

Одиме на Марс: Мегаракетата Starship V3 ќе биде лансирана на 19 мај

Read more
 

Гик

Microsoft воведува функција што ја чекавме со децении - Windows се поправа сам

Читај повеќе

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Читај повеќе

Научниците предлагаат нов начин за потрага по вонземен живот, постоечките вселенски летала би можеле да помогнат

Читај повеќе

Одиме на Марс: Мегаракетата Starship V3 ќе биде лансирана на 19 мај

Читај повеќе
  • filter

Scuf Omega: Новиот контролор за PlayStation 5 може да се користи и со PC, iOS и Android уреди

Читај повеќе

Samsung им објави војна на досадните реклами: Нова опција ги блокира апликациите што спамираат со известувања

Читај повеќе
  • play_arrow

WhatsApp овозможува анонимни разговори со Meta AI четботот

Читај повеќе

Како да се ослободите од несакани пораки во Gmail?

Читај повеќе

Африканскиот континент се цепи: Дали во новиот расед ќе се појави море?

Читај повеќе