Бизнис

Среде скандал: Boeing без помпа го претстави 777X, најголемиот патнички авион на светот

14. март 2019 - 19:01 | А.С.

Најголемиот патнички авион на светот Boeing 777X вчера официјално беше претставен на управата на Boeinga во главниот производен погон на оваа компанија во Еверет, Вашингтон.

Boeing планираше авионот да го претстави на пошироката јавност на гала свеченост, но откривањето беше одложено по падот на авионот на Ethiopian Airlines, што беше втора авионска несреќа со авион на компанијата во период од неколку месеци.

Многу земји ширум светот - почнувајќи од Кина, а на крај и САД и Русија – дадоа наредби да се приземјат авионите Boeing 737 Max 8 и Max 9 што се во употреба. Ваквата одлука беше донесена откако се случија две фатални авионски несреќи со моделот Boeing 737 Max 8.

Па така, официјалното претставување на овој грандиозен авион беше поедноставено и на настанот што беше затворен за медиумите им се оддаде почит и на загинатите во несреќата.

Новиот авион, кој е најголем патнички авион во светот е долг 77 метри и е значително поголем од својот претходник 777-300ER и од A340-600 на Airbus.

Boeing 777X ќе биде и малку подолг од досегашниот рекордер 747-8, најновата верзија на Queen of the Skies, чиј предок го смени начинот на кој се поимаше цивилната авијација пред 50 години.

Благодарение на неговата должина, во авионот ќе може да се сместат меѓу 400 и 425 патници во две класи. Бројот на седишта ќе варира во зависност од барањата на одредени авиокомпании, но ова со сигурност ќе биде најголемит авион со два мотори на сите времиња, кога ќе почне да лета следната година.

Коментирај