Средношколци во Тетово ја бојкотираа наставата од далечина

Дел од средношколците од повеќе средни училишта од наставата по албански јазик се собраа пред гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово околу 13:30 часот и со тоа ја бојкотираа наставата од далечина. Тие сметаат дека треба да се оди на училиште и рекоа дека нема да учествуваат на наставата преку интернет и наредните денови.

-Ние сме од гимназија, не сме против некого, но сакаме да одиме на училиште. Ние никогаш не сме се изјасниле дека сакаме да имаме онлајн настава. Само сакаме да бидеме на училиште, како што си имаат сите права на образование.  Ако има по 200-300 луѓе кои чекаат пред банките и внатре,  нас нè има само 100 во генерација кои можеме да бидеме на настава. Ако треба онлајн настава треба да купуваме компјутери и телефони, работи кои се потребни, а држава не ги дава, изјави Енес Асани, ученик во трета година во гимназијата„Кирил Пејчиновиќ“.

Во селото Долна Лешница, општина Желино родилите на ученици од наставата од прво до трето одделение, пак не ги пуштија децата на настава поради несоодветни услови. Тие бараат обнова на подрачниот објект во рамки на централното училиште „Луиѓ Гуракучи“. 

-Зградата е монтажен објект од 1976 година, а покривот е од канцерогени азбестни плочки. Без ново училиште нема да ги испраќаме децата на училиште, општината нашето барање не го има земено во предвид, истакнаа родителите.

Инаку, во рамки на општина Тетово, според податоците на секторот за јавни дејности на училиште започнаа да одат 3.400 ученици од прво до трето одделение. Општина Тетово брои 9.850 основци и 6.300 средношколци. 

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Македонија

Левица го објави својот предизборен спот

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Read more

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Read more

Дел од неколку скопски населби без струја

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Левица го објави својот предизборен спот

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Читај повеќе

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Читај повеќе

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Читај повеќе

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Читај повеќе

Дел од неколку скопски населби без струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Читај повеќе