Среќен роденден, Антонио Бандерас!
На денешен ден, 10 август, во 1960 година, роден е Антонио Бандерас (роден Хозе Антонио Домингез Бандера), шпански и холивудски филмски актер, режисер, продуцент и пејач.
Покрај актерската, Бандерас има успешна кариера и во индустријата со парфеми, станувајќи заштитно лице на брендовите Puig и Antonio Banderas Fragnances.
Актерската кариера ја започнал на 19 години, со серија филмови на режисерот Педро Алмодовар, а потоа се појавил во холивудските филмови како: Philadelphia (1993), Interview with the Vampire (1994), Desperado (1995), Assassins (1995), Evita (1996) и The Mask of Zorro (1998). Играше и во серијалот Spy Kids и го позајми гласот на Мачорот во чизми во франшизата Shrek и спино-оф филмот Puss in Boots.
Номиниран е за награда Тони и ја доби наградата за најдобар актер на Канскиот филмски фестивал во 2019 година за улогата во филмот Pain and Glory. Добил номинации за Оскар и Златен глобус.