Среќен роденден, Даниел Крег
Славниот актер Даниел Крег денеска полни 53 години. Најмногу е познат по улогата на Џејмс Бонд, но има глумено и во други филмови како историската драма „Munich“, трилерот „Girl with the Dragon Tattoo“ и комедијата „Knives Out“.
Во брак е со актерката Рејчел Вајц, со која има една ќерка, додека од првиот брак со Фиона Лудон исто така има ќерка. Навива за Ливерпул, а друг значаен податок за него е што учествува во многу хуманитарни проекти.