Среќен роденден Ким Џонг Ун
Врховниот лидер на Северна Кореја денес го прославува својот роденден, а дали полни 37, 38 или 39 години не е баш сигурно бидејќи точната година на неговото раѓање е дискутабилна.
Џонг Ун е второ од трите деца на поранешниот лидер Ким Џонг Ил, додека е внук на првиот врховен лидер на Северна Кореја, Ким Ил Сунг.
Роден е во Пјонгјанг (веројатно). Северна Кореја тврди дека е роден во годината 1982, додека јужнокорејските разузнавачки служби велат дека е роден во 1983. Американските, пак, тврдат дека е роден во 1984 година. И двата велат дека Северна Кореја намерно го направила постар за неговата година на раѓање да се поклопи со 70-годишнината од раѓањето на неговиот дедо и 40-годишнината од раѓањето на неговиот татко.
Тој е третиот врховен лидер на Северна Кореја, а власта ја резеде на 17 декември 2011 година, на денот кога почина неговиот татко.