Среќен роденден, Мајк Тајсон
Поранешниот американски боксер Мајк Тајсон е роден на 30 јуни 1966 година. Шампионската титула во тешка категорија ја држеше од 1987 до 1990 година. Воедно, тој е најмладиот боксер кој освоил шампионска титула во тешка категорија, првиот појас го доби на 20 години и четири месеци.
Првите професионални борби ги доби со нокаут, од нив 12 нокаути уште во првата рунда. Во 1992 година беше осуден за силување на 6 години затвор, беше условно ослободен по 3 години. Во 1995 имаше серија борби, ја продолжи кариерата освојувајќи титули.
Од професионалниот бокс се пензионира во 2006 година.