Филмската дива Мерил Стрип го прославува 72. роденден.
Стрип беше номинирана за престижната награда Оскар 19 пати, а го освои дури 3 пати.
Родена е во 1949 година во Њу Џерси, а пораснала со родителите и двајцата браќа во Бернардсвил.
Таа не е позната по скандали и љубовни афери, а со нејзиното семејство живее мирен живот во Конектикат. Со сопругот Дон Гамер има 4 деца.
Најпозната е по улогите во филмовите „The Devil Wears Prada“, „Mamma Mia“, „Sophie’s Choice“, „The Iron Lady“ и многу други.