Среќен роденден, Роџер Федерер!
На денешен ден, 8 август, во 1981 година е родена професионалниот тенисер Роџер Федерер. Тој успеал да остане на АТП листата рекордни 237 последователни недели, а вкупно повеќе од 310 недела, што исто така претставува рекорд. Многу тениски критичари и негови колеги, го сметаат за најдобар тенисер на сите времиња.
Федерер е рекордер по бројот на освоени титули на Грен слем турнирите, 20 (6 на Отвореното тениско првенство на Австралија, 1 на Ролан Гарос, 8 на Вимблдон и 5 на Отвореното тениско првенство на САД). Тој исто така има освоено и 15 турнири од АТП Мастерс серијата, 4 турнири од Мастерс серијата и златен медал во игра на двојки, заедно со Станислас Вавринка на Летните олимписки игри - 2008, одржани во Пекинг. Федерер држи и многу други рекорди, меѓу кои најзначајни се 10 последователни учества во финалните мечеви на Грен слем турнирите (од Вимблдон 2005 до Отвореното првенство на САД во 2007), како и 20 последователни учества во полуфиналните мечеви на Гренд Слем турнирите (од Вимблдон 2004 до денес). Тој, исто така е и тенисерот со најголем број на победи на трева (65) и тврда подлога (56) во историјата на отворената ера во тенисот. Со победата на Ролан Гарос во 2009, Федерер стана шестиот тенисер кој победил на сите 4 Гренд Слем турнири.
Федерер е оженет за поранешната тенисерка Мирка Федерер (родена Мирослава Вавринец), која работи како негов менаџер за односи со јавноста. На 23 јули 2009 тие ги добија близначките Мајла Роуз и Шарлин Рива. На 6 мај 2014 година двојката ги доби близнаците Лео и Лени.
Федерер има двојно државјанство: швајцарско и јужноафриканско.