Живот

Среќен роденден, Никола Тесла: Најдобрите мисли од најголемиот ум на сите времиња

10. јули 2019 - 18:03 | Б.С.Б.

Никола Тесла ќе остане запаметен како еден од најголемите умови на сите времиња. Неговите откритија, меѓу кои е производството и преносот на наизменична електрична енергија, се познати ширум светот. Во чест на денот на неговото раѓања, 10 јули, одвоиме неколку мисли од овој голем ум.

Тесла е роден на 10 јули 1856 година, а починал во 1943 година. Заслужен е за 700 патенти од кои повеќе од 300 се заштитени во 27 земји, на пет континенти. Почина во 87-та година од животот во САД.

Пет познати цитати од Никола Тесла:

1. Кога науката ќе почне да ги проучува нефизичките феномени, ќе оствари поголем напредок во една деценија отколку во сите претходни векови од постоењето.

2. Мислам дека не може да наведете големи пронајдоци направени од женети мажи.

3. Денешните научници размислуваат длабоко и конфузно наместо јасно. Човек мора да има способност на јасно размислување. Но, човек може длабоко да размислува и да биде луд.

4. Мирот може да дојде само како природна последица од универзално просветлување и спојување на раси, а ние сме и понатаму далеку од оваа блажена реализација.

5. Повеќето луѓе се толку зафатени со размислување за надворешниот свет така што се целосно несвесни од тоа што се пренесува во внатрешноста на самиот себе.

Коментирај