Српската опозиција бара фер избори „по примерот на Македонија“

Белград, 12 октомври 2018 (МИА) - Преставниците на опозициските партии во Србија денеска се согласија заедно да се борат за спроведување фер и слободни избори, како и за рамноправен третман во медиумите.

Тие, на тркалезната маса која беше одржана во старото Собрание на Србија, оценија дека актуелната власт не може да биде сменета без постигнување на тие основни демократски услови и начела и се согласија да формираат работна група која ќе ги конкретизира нивните барања.

На тркалезната маса учествуваа претставници на Сојузот за Србија, Демократската партија, Двери, Социјалдемократската партија, Демократската партија на Србија, Доста беше, Движењето на Центарот, Народната партија, Граѓанскиот блок 381 предводен од Саша Јанковиќ, Синдикатот Слога, Левицата на Србија, Лигата на социјалдемократите на Војводина ...

Саша Јанковиќ од Движењето на слободните граѓани на дебатата го подвелече значењето од единственото дејствување на опозицијата во борбата за фер и чесни избори, како и дека работната група која треба да се формира мора да се фокусира на измена на изборниот закон, за да изборите воопшто имаат смисла.

Според него, јасно е што работи власта во Србија, но на примерот на Македонија, во која се сменети изборните правила, се покажа дека е можно тие работи да се сузбијат и да се изборат за слободни изборни услови.

Драган Ѓилас, еден од основачите на Сојузот за Србија, оцени дека денешниот собир на опозицијата која е против сегашната влада е историскиот чин, со што им покажува на граѓаните дека можат да се согласат околу борбата за фер и слободни избори.

- Сликата што Србија ќе ја види денес е исклучително важна, луѓето да сфатат дека без разлика дали се согласуваме или се критикуваме, кога станува збор за овие основни работи, сите ние мислиме исто и подготвени сме да се бориме за нив заедно, рече Ѓилас.

Тој нагласи дека е важно да се формира работно тело кое ќе ги состави повеќето барања, предлози и мерки, додавајќи дека е потребно да се утврдат луѓето кои ќе работат на ова.

Борислав Новаковиќ од Народната партија како една од опциите предложи бојкот на изборите, за кои претседателот на Нова странка Зоран Живковиќ, рече дека и тој е за таа опција, само ако се знае што ќе се прави по бојкот.

Претседателот на Демократската партија Зоран Лутовац, рече дека Србија е "заробена држава" без владеење на правото, независно судство и дека е создаден таков систем според кој на сите нивоа на избори се канидитира еден ист човек, а распределбата на средствата за медиумите се регулира врз основа на лојалност, а не на професионалноста.

Тој рече дека е неопходно да се дефинираат клучните точки на „ослободувањето на државата", а тоа се - регулирање на медиумската сфера, промовирање на демократската политичка култура и создавање на систем кој ќе гарантира фер и чесни избори.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе