Српски и хрватски студенти демолирале хотел во Охрид

Студенти од Загреб и Србија демолирале хотел во Охрид во кој престојувале на петдневна екскурзија, пишуваат хрватските и српските медиуми. Менаџерот на хотелот се огласил, како што пренесува хрватскиот портал 24sata, и соопштил дека загрепските студенти биле агресивни.

„Разбираме дека се работи за млади луѓе, но мора да се преземат мерки. Имаме големи групи студенти, но ова досега не сме го имале, никогаш немало проблем“, кажал менаџерот на охридскиот хотел.

На објавеното видео од хрватскиот медиум може да се види скршен хотелски инвентар, искршени прозорци, пивски шишиња на покривот, тоалет кој изгледа како да е запален.

Наводно, студентите палеле факели во собите и ходниците.

Remote video URL

Претставникот на студентите од Кинезиолошкиот факултет од Загреб тврди дека студентите од Загреб немале никаква врска со собата која била запалена.

„На тој кат воопшто немаше студенти од Загреб, ни потврди менаџерот дека за таа просторија се виновни инсталациите и дека не е намерно запалена. Постојано бев некаде и не можам сѐ да контролирам, но веднаш им пишав во групата да не прават проблеми“, изјавил Мартин Стојчевиќ, претседател на Студентскиот сојуз при Факултетот за кинезиологија.

„Таму имаше 12 факултети, ние сме еден од најголемите и не е во ред да нѐ обвинуваат. Загреб не направи штета и не видов некој да прави проблеми со мои очи, ако направил, јас сум првиот против тоа и ќе седнам со нив и ќе разговарам. Она што го видов со свои очи беше момчиња од Мостар како кршат вазни. Бевме 217 и секој од нас даде по 20 евра депозит кој не го вративме, а имаше вкупно 1.250 луѓе. Сите беа на забавата по ходниците. Видов дека има некоја штета, но од нашиве загрепчани не бев сведок дека некој нешто фрлил или скршил, велат дека сите сме агресивни, но нашите биле пријателски расположени. Дојдовме таму да се забавуваме и да се дружиме, а на крајот се паѓа на Загреб затоа што бевме најмногу. Не можам да влијаам на момците од Мостар кои ги видов како фрлаат вазни низ хотелот, можам само на нашите“, изјавил претседателот на СС.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Македонија

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more
 

Вести

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе