Српскиот репрезентативец Стевановиќ нов ракометар на Еурофарм Пелистер

Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер ги засили своите редови за продолжението на сезоната во домашното првенство и настапите на меѓународната сцена ангажирајќи го денеска репрезентативецот на Србија, Дарко Стевановиќ.

Како што соопшти попладнево битолскиот клуб, со 26-годишниот српски лев бек е потпишан договор со важност до јуни идната година.

Стевановиќ, кој доаѓа од редовите на белорускиот првак Мешков, тренира индивидуално во Битола, а ќе им се приклучи на соиграчите по нивното враќање од Берлин каде утре Еурофарм Пелистер му гостува на Фухсе во натпревар од 9. коло во групата Д во Европската лига.

Официјалната промоција на 202-сантиметри високиот Стевановиќ е закажана на крајот од оваа недела, а ќе дебитира следниот викенд на проволигашкиот натпревар против Еурофарм Пелистер 2.

Стевановиќ има 5 настапи за репрезентацијата на Србија, а претходно во кариерата настапуваше за белградски Партизан, унгарските екипи Егер и Балатонфуреди, како и за Ал Араби и Ал Веда во Катар.

Тагови
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Ракомет

Ракометарите поразени дома од Португалија

Read more

Александар Јовиќ е нов тренер на Еурофарм Пелистер

Read more

Пуштени во продажба билетите за дуелот на македонските ракометари против Португалија

Read more

Савевски повика 18 ракометарки за контролките со Турција

Read more
 

Спорт

Ибра: Јас сум минато, сегашност, но и иднина на шведската репрезентација

Читај повеќе

Норвешка без Холанд против Шпанија

Читај повеќе

Верстапен: Не сум среќен, требаше да победам

Читај повеќе

Лацио со осуда кон навивачите кои го величаа Хитлер и скандираа антисемитски пароли

Читај повеќе

Шкупи по втор пат го отпушти Седлоски

Читај повеќе

Де Роси ја измамил сопругата роденденот да го слави во паб гледајќи дерби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси не може ни да вечера на раат во Аргентина

Читај повеќе

Претставен новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација

Читај повеќе

Дешан го избра новиот капитен на Франција

Читај повеќе