Српскиот клупски фудбал во европските купови минатото лето влезе во црна дупа од која, како стојат рабтите, нема да излезе во блиска иднина. Колку српските клубови се ужасни сезонава во Европа говори и податокот дека на почетокот на сезоната со скор од 1 победа и 7 порази се последни, односно се наоѓаат на 54. место во Европа. Пред српските се дури и клубовите од Андора, Гибралтар и Сан Марино.
Раднички испадна од Европа на првата пречка, додека Војводина испадна од Лига Европа и влезе во Конференциската лига по поразот од Ајакс. Партизан, во второто квалификациско коло доживеа елиминација од киевски Динамо, се префрли во квалификациите за Лига Европа. „Црно-белите“ синоќа доживеаја пораз (0:1) среде Белград од Лугано. Во исто време Војводина беше поразена во Марибор со 2:1.
Лесно може да и се случи три српски клуба евросезоната да ја завршат уште во август, додека европска есен им е загарантирана на Црвена звезда и ТСЦ, оти имаат директен пласман во плеј-оф рундата од Лигата на шампионите, односно Лига Европа.
Звучи неверојатно што српските клубови имаа 33 порази на последните 37 натпревари во европските купови. Партизан и Раднички се единствените кои успеаја да победат некого во тој период, а Партизан е единствениот клуб што минал квалификациска рунда во последните две сезони, лани против Сабах од Азербејџан кога „Црно-белите“ минаа по изведувањето на пенали.
За нијанса подобри сезонава се македонските клубови, кои се три места подобропласирани од српските - на 51. место, и се пред клубовите од Лихтенштајн и Сан Марино. Македонските екипи летово остварија 2 победи и 6 порази. Во Конференциската лига Шкендија двапати загуби од ерменска Ноа, а Тиквеш победи и загуби од исландски Беидаблик.
Струга двапати загуби во Лигата на шампионите од словачкиот првак Слован, а потоа се пресели во Конференциската лига каде победи и загуби од ерменски Пјуник.
Worst nations by coefficient this season so far:
— Football Meets Data (@fmeetsdata) August 9, 2024
#54 Serbia 🇷🇸 0.200 (1-0-7)
#53 Liechtenstein 🇱🇮 0.500 (0-1-1)
#52 San Marino 🇸🇲 0.666 (1-2-7)
#51 N. Macedonia 🇲🇰 0.666 (2-0-6)
#50 N. Ireland 🇬🇧 0.750 (3-0-6)
#49 Gibraltar 🇬🇮 0.833 (2-1-8)
#48 Andorra 🇦🇩 0.833 (2-1-8)
...
*not…