Фудбал

Срушен неславниот рекорд на Калиниќ за најголемо „дрво“ во едно полувреме

18. август 2018 - 18:19 | А.С.

Срушен е еден од најнеславните рекорди во историјата на Премиер лигата.

Играчот за врска на Њукасл Кенеди на денешниот натпревар против Кардиф (0:0) го изедначи рекордот стар осум и пол години што го постави Хрватот Никола Калиниќ. Бразилецот во првото полувреме не упати ниту едно точно додавање.

По непишаното правило, несреќата никогаш не доаѓа сама, па во судиското дополнувње Кенеди го промаши и единаесеттерецот што ќе му донесеше победа на неговиот тим.

Никола Калиниќ, како напаѓач на Блекбурн, ја стекна „титулата“ на натпревар против Бирмингем во март, 2010 година.

Коментирај