ССМ бара поскоро линеарно зголемување на платите, на 1 Мај организира синдикален протест

Скопје, 29 април 2022 (МИА) – Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги повика сите работници, синдикати и невладини организации да се приклучат на протестот што ќе се одржи на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, а на кој ќе се побара линеарно зголемување на платите за 2.806 денари.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски денеска на прес-конференција рече дека анализите на синдикатот покажуваат дека минатиот месец инфлацијата е зголемена за 8,8 проценти и дека доколку поскоро не се зголемат платите, инфлацијата ќе го „изеде“ ова зголемување.

– Затоа е нашето барање за зголемување на платите од 2.806 денари што побрзо, бидејќи гледаме дека инфлацијата секој месец е се поголема и доколку овие пари не ги добиеме ден побрзо можеби нивната вредност следниот месец ќе биде помала, рече Димовски.

Тој додаде дека како синдикат не лиферуваат со проценти, бидејќи процентот за едниот работник значи помалку, а за друг работник повеќе.

– ССМ овој 1 Мај нема да слави, туку ќе протестира. За да славиме потребни ни се пари, а парите ни ги изеде инфлацијата. Затоа, сите работници, пензионери, младината да излезе заедно и да им кажеме на работодавачите без разлика дали се од приватниот или од јавниот сектор дека ни е потребно што побрзо зголемувањето на платите. Ние не лиферуваме со проценти бидејќи процентот значи за едниот работник помалку, а за друг работник повеќе. Нашата интенција како ССМ е да им помогнеме на најниските слоеви на работници со најниски плати, рече Димовски.

ССМ, истакна Димовски, не се откажува ниту од тоа да го врати регресот за годишен одмор во јавниот сектор.

Во однос на случувањата со штрајкот во обрзованието и незадоволството кај дел од членството, Димовски рече дека ги поддржуваат просветните работници и ги повика доколку сакаат да се обратат со ССМ за да се види по кој основ штрајкот е ставен во мирување.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе