ССМ: И со намалени цени минималната кошничка за јануари е поголема за 391 денар

Вредноста на минималната синдикална кошничка што ја пресметува Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за јануари изнесува 63.252 денара или во сооднос со вредноста на синдикалната минимална кошничка за декември, која изнесуваше 62.861 денар, е зголемена за 391 денар, сооопшти претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов.

Делот за храна и пијалаци, место да бележи намалување за најмалку 10%, како што ветуваа трговците, бележи зголемување за 123 денари.

„Загрижува она што од почетокот на минатата година до оваа година, или за 12 месеци, вредноста на синдикалната минимална кошничка во делот на храната и пијалаците е зголемен 10,43%. За граѓаните, со последното ненамалување на цените од страна на овие алчни трговци, произлегува дека трошокот е зголемен најмалку 20% имајќи предвид дека зголемувањето од 10% и ненанамалувањето од 10%, ако ги соберете, посиромашни сме за најмалку 20%“, рече Трендафилов.

За една година минималната потрошувачка кошничка се зголемила 6.989 денари, односно скокнала 10,65%, факт што Трендафилов вели дека ќе оневозможи инфлацијата во земјата да биде 3,5% имајќи предвид дека синдикалната кошничка ги предвидува само најнеопходните производи со кои едно четиричлено семејство може да го протурка месецот.

Синдикатот го утврди она за што граѓаните алармираа – трговците ги зголемија цените 20% кога немаше мерки за потоа фиктивно да ги намалат кога почна мерката. За откривање на ваквите случаи Трендафилов вели дека подготвуваат сериозни чекори.

„Како ССМ размислуваме да преземеме сериозни чекори и во насока на тоа им укажеме на граѓаните што е добро, а што лошо. Имајќи предвид дека сите ние знаеме дека во изминатите неколку месеци овие трговци се покажаа како далеку лош пример за македонската економија, особено ако знаеме дека минатата година имаа енормни профити и енормни добивки, а оваа година ССМ ќе се погрижи да ги извади сите завршни сметки на овие големи трговски маркети и синџир маркети за да видат како тие неоправдано се богатат на грбот на граѓаните и на работниците“, најави Трендафилов.

Трговците, по чии критериуми беше креирана последната мерка за намалување на цените за најмалку 10%, Трендафилов смета дека ја прелажале Владата двапати повеќе отколку што ги прелажаа граѓаните. Тој апелира Владата, доколку навистина сака да им помогне на граѓаните, да креира мерки без да информира за тоа и без да прави консултации со трговците.

Тагови
реклама

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Read more

Рецепт за сарма стар 70 години го подели Балканот

Read more

Што носи ретрограден Уран до 4 февруари 2026 година?

Read more

Објавени списоците: Дали добивте субвенции за струја?

Read more

Македонија

Тошковски доби опомена од Безбеден град – возел со 1 км/ч над дозволената брзина

Read more

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

Read more

Денеска дожд, од утре сонце

Read more

Што сè заплени Царината изминатава недела?

Read more
 

Вести

Маж од Неготино присилил скопјанка на полови дејствија, ја снимал и ѝ барал пари за да не го објави видеото

Читај повеќе

Тошковски доби опомена од Безбеден град – возел со 1 км/ч над дозволената брзина

Читај повеќе

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Читај повеќе

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Читај повеќе

Денеска дожд, од утре сонце

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Читај повеќе

Што сè заплени Царината изминатава недела?

Читај повеќе

Николоски: Земјите на Коридорот 10 ќе потпишеме договор за брза пруга

Читај повеќе