ССМ: Синдикалната кошничка за мај зголемена за 180 денари

Синдикалната кошничка за месец мај 2021 година е зголемена за 180,00 денари во однос на претходната за месец април 2021 година. Само за последните два месеци таа е зголемена за повеќе од 400,00 денари. Ако продолжи со вакво темпо на зголемување во просек од 200, 00 денари месечно до крајот на годинава нема да бидат доволни ни три минимални плати за покривање на основните потреби на едно четиричлено семејно домаќинство, велат од Сојузот на синдикати на Македонија.

Според ССМ, зголемувањето на трошоците е неоправдано имајќи во предвид дека цената на нафтата на која се водат алчните газди и ја користат како оправдување за зголемување на цените во 2018 година изнесувала 63,50 денари во месец јуни, 60.00 денари во 2019 година, 50.00 денари во 2020 година, а овој месец е 60.50 денари. Тоа, велат од ССМ, значи дека во 2020 година во време на пандемија предизвикана од COVID-19, морало да се донесе и Уредба со законска сила за определување на највисоките цени  на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало, заради енормното зголемување на цените на штета на граѓаните, а за профит на газдите.

-Ова покажува дека неоправдано е да се зголемуваат цените, ако знаеме дека цената на нафтата е пониска од пред почетокот на пандемијата имајќи предвид дека никој од газдите кога цената го имаше најниското ниво во изминатите 10 години не ги намали цените, туку остваруваа огромни профитина грбот на работниците, се вели во денешното соопштение од ССМ.

Според ССМ, вредноста на Синдикалната минимална кошница за мај 2021 година изнесува 34.156,00 денари. 

реклама

Во Кина откриен нов вид џиновски носорог, поголем од жирафа

Read more

На Ериксен ќе му биде вграден уред кој спасува живот, но носи и низа опасности

Read more

Четири хороскопски знаци кои привлекуваат сè околу себе

Read more

Емотивен момент во кампот на данската репрезентација: Се појави Кристијан Ериксен

Read more

Македонија

Регистрирани осум нови случаи со COVID-19, нема починати

Read more

Попладне наместа нестабилно со пороен дожд, од вторник многу топло

Read more

Втор случај на индиски сој во државата, за влез во Грција доволен е и брз тест

Read more

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Read more
 

Вести

Регистрирани осум нови случаи со COVID-19, нема починати

Читај повеќе

Попладне наместа нестабилно со пороен дожд, од вторник многу топло

Читај повеќе

Тешко повредена велосипедистка во Охрид откако во неа удрил автомобил

Читај повеќе

Албанија обезбеди бесплатни брзи тестови за туристите со симптоми на COVID-19

Читај повеќе

Санкционирани 176 возачи кои возеле под дејство на алкохол

Читај повеќе

Во експлозија во фабриката Слобода во Чачак повредени тројца работници

Читај повеќе

Втор случај на индиски сој во државата, за влез во Грција доволен е и брз тест

Читај повеќе

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Читај повеќе

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд

Читај повеќе