Стадионот на Фиорентина потопен во солзи во првиот меч после смртта на капитенот Астори
Емотивни сцени беа видени денеска на стадионот на Фиорентина, воочи 28 коло од Серија А меѓу Фиорентина и Бенвенто.
Играчите и стручниот штаб на Фирентина излегоа на терен со дресови со број 13, во знак на сеќавање на неодамна починатиот капитен на клубот Давид Астори.
Стадионот беше исполнет речиси до последно место и сите присутни во солзи му оддадоа почит на Астори.
„Човекот кој никогаш не умира, приказна која трае вечно.. Среќен пат, капитену“, пишуваше на бројни транспарентни посветени на репрезентативецот на Италија.