Стадо слонови во ЈАР до смрт прегази турист кој сакал да ги фотографира слончињата одблизу

Шпански турист бил прегазен до смрт од стадо слонови во национален парк во Јужноафриканска Република, откако наводно се обидел да ги фотографира, пишува Guardian.

43-годишен маж почина во неделата наутро во националниот парк Пиланесберг, на околу 210 километри северозападно од Јоханесбург.

Според официјалните лица на паркот, човекот, кој бил со тројца пријатели, излегол од своето возило и тргнал кон животните за да ги фотографира.

„И покрај предупредувањата на неговите сопатници и сопатниците од другите две возила, тој излегол од возилото. Возрасна слоница се нафрлила на човекот, кој потоа почнал да бега. Тој не успеал да побегне, а целото стадо се приклучило и го прегазиле мажот до смрт“, се вели во соопштението на локалниот одбор за паркови и туризам.

Се додава дека слоновите потоа се оддалечиле без да покажат никаква агресија кон патниците во возилата.

Питер Нел, еден од службениците на одборот, изјавил дека слоницата се вознемирила од однесувањето на човекот кој се обидувал да ги фотографира нејзините младенчиња. Тој објасни дека е нормално слоновите да се обидуваат да ги одбранат своите младенчиња.

„Многу туристи не се свесни за опасноста и не разбираат колку овие животни можат да бидат опасни“, нагласи тој. Одборот соопшти дека на посетителите секогаш им се објаснува „опасната и непредвидлива“ природа на дивите животни.

„Туристите секогаш се едуцираат за важноста да се остане во возилото, да се почитува растојанието помеѓу возилото и животните, да се дозволи првенство на минување и да се излезе само на специјално одредени места“, забележува одборот.

Нападите од слонови не се невообичаени во регионот. Во 2021 година, слоновите убиле ловокрадец во националниот парк Кругер. Минатата година 50 луѓе беа убиени, а 85 повредени од диви животни, главно слонови, во соседно Зимбабве.

Шпанското Министерство за надворешни работи соопшти дека жртвата е од градот Сарагоса. Претставник на регионалната влада потврди дека конзуларниот персонал отишол на местото за да го извади телото на мажот и да го врати назад.

реклама

Новости од Ирак: Девојчињата на возраст од 9, момчињата од 15 години ќе можат да се венчаат

Read more

Ретка снимка од Меланија Трамп како зборува словенечки стана вирална

Read more

Citroën 2CV би можел да се врати како ретро градски автомобил

Read more

Објавена листата на десетте најубави супермодели во светот според златниот пресек

Read more

Свет

Пленковиќ во Давос: Треба да се почнат разговори со Русија, Русите може да ги издржат санкциите

Read more

Најактивниот вулкан во светот повторно еруптираше

Read more

Новости од Ирак: Девојчињата на возраст од 9, момчињата од 15 години ќе можат да се венчаат

Read more

Подморницата со која превезувале дрога пукнала на половина: Шпанската полиција во акција

Read more
 

Вести

Верижен судир на скопската обиколница кај Смилковското Езеро, се судриле автобус, товарно возило и автомобили

Читај повеќе

ТАВ Македонија и аеродром Скопје: Не продаваме изгубен багаж, лажни профили сакаат да изнудат податоци од граѓаните

Читај повеќе

Во објект во Врапчиште најдени питбули и доберман користени за борби на кучиња

Читај повеќе

Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски ослободени од гонење за Oрганизатори на 27 април

Читај повеќе

Прашањето е решено, конечно и неповратно: Грчкото МНР ја оценува како провокација изјавата на Мицкоски

Читај повеќе

Пленковиќ во Давос: Треба да се почнат разговори со Русија, Русите може да ги издржат санкциите

Читај повеќе
  • play_arrow

Најактивниот вулкан во светот повторно еруптираше

Читај повеќе

Додека Давос го чека говорот на Трамп, европските индекси нееднакви, цените на златото и нафтата паѓаат

Читај повеќе

Пијан маж избол во вратот 22-годишна девојка: Обид за убиство во Крива Паланка

Читај повеќе