Стагнира Музејот на олдтајмери на Дионис во Неготино

Неготино, 26 декември 2019 (МИА) – Оневозможен е пристапот до Музејот за стари возила на неготинецот Дионис Пашлаков, за чија пасија кон олдтајмерите се дозна во светски рамки, а за него беше снимен и документарен филм. Во изјава за МИА, тој се пожали дека неговата идеја за музеј по сите нишани, сѐ уште не е остварена.

– Идејата е почната пред 26 години, ова е 27-ма година веќе. Во 2002 година купив плац на кој ги пренесов моите стари автомобили што ги собирам со децении и ги реставрирам. Градев и објекти на плацот. Во 2015 година по повод ослободувањето на Неготино, ја отворивме првата фаза од музејот и на 128 метри квадратни сместивме дел од моите стари миленици на четири тркала. Но, еве веќе пет години целата оваа работа стагнира, не по моја волја. Тапка во место, рече тој.

Нагласи дека е веќе пензиониран професор, а пензијата не му дозволува некои поголеми инвестиции. Имал готов проект за хала и платени комуналии за градба, но немал никаква поддршка од никого, па самиот не можел да го реализира, бидејќи биле неопходни неколку десетици илјади евра.

– Работата стои во место, за жал. Не само што стои, туку се движи и назад. Во последните месеци дури и пристапот е блокиран за возила, сите патишта за пеш одење до музејот се калливи, несредени. Пет градоначалници се сменија откога сум тука на плацот, тоа се 18 години. За жал, овој дел, оваа индустриска зона број 8 што припаѓа во градот, нема ни струја, ни вода, ни канализација, ни пат, никаков пристап, како да сме во некоја планина. Јас не можам да разберам што е проблемот што градот не може да се снајде во овој мал дел, а тоа е 200-250 метра. Потребно е да се направи канал за да се одводнат атмосферски води. Пред две години се појави иницијатива за решавање на проблемот, еве веќе две години работата стои во место, реагираше Пашлаков.

Тој додаде дека негова животна желба била Неготино, регионот, па и државата, да добијат еден музеј со околу 120 автомобили и 63 моторцикли.

– Не се сите за во музеј, но половината од нив да се стават, ќе имаме вистински музеј како во некои западноевропски градови кои знаат да ја ценат историјата на автомобилизмот и вредноста на старите превозни средства, дециден беше овој 71-годишен неготинец.

Странците се тие кои најчесто изразуваат желба да ја видат неговата ергела со стари автомобили со различни коњски сили, но има и домашни посетители.

- Општина Неготино има аплицирано и добиено проект за водоводна линија, атмосферска канализација и фекална канализација и АБ канал преку Министерство за транспорт и врски. Истиот беше тендериран преку Министерството. Прворангираната фирма започна со работа и побара од општина Неготино АБ каналот да биде изведен со цевки, на што општина Неготино не даде согласност. Се поведе спор со изведувачот. По завршувањето на постапката и завршувањето на оваа инфраструктура, ќе биде пристапено кон асфалтирање на улиците во урбаната зона 8, децидни беа од Општина Неготино за МИА.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Култура

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Read more

Андерс Рослунд во Скопје: Генијалниот автор на крими жанрот доаѓа на Саемот на книга

Read more

Временски сензации – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски

Read more

Изложба на карикатури од Фестивалот за хумор и сатира IN VINICA VERITAS во Крива Паланка

Read more
 

Вести

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе