S.T.A.L.K.E.R. 2 ќе тежи 150 GB: Доаѓа месецов - дали е вашиот компјутер подготвен?

Одбројуваме до лансирањето на игрицата „S.T.A.L.K.E.R. 2: Heart of Chornobyl“. Еве што треба да знаете за системските барања на насловот кој постојано се одложува поради војната во Украина.

Студиото GSC Game World објави каков компјутер ќе ви треба за да ја стартувате „S.T.A.L.K.E.R. 2: Heart of Chornobyl“, која ќе биде лансирана на 20 ноември за компјутери и конзоли Xbox Series S/X.

Според фрејмовите и гејмплеј клиповите кои имавме можност да ги видиме во претходниот период, новото издание на „S.T.A.L.K.E.R.“ ќе изгледа феноменално благодарение на технологијата Unreal Engine 5. И покрај добрата визуелност, објавените системски барања изгледаат сосема пристојни и постои голема веројатност дека насловот кој се одвива во зоната на исклучување во Чернобил ќе можете да го пуштите без дополнителни инвестиции во хардвер.

Минимални системски барања:

  • ОС: Windows 10 64-битен или понов
  • Процесор: Intel Core i5-7600K / AMD Ryzen 5 1600X
  • Графичка картичка: NVIDIA GeForce GTX 1060 6 GB / AMD Radeon RX 580 8 GB
  • RAM: 8 GB
  • Слободен простор: 150 GB (SSD)

Препорачани системски барања:

  • ОС: Windows 10 64-битен или понов
  • Процесор: Intel Core i5-9700K / AMD Ryzen 7 3700X
  • Графичка картичка: NVIDIA GeForce RTX 2070 SUPER 8 GB / AMD Radeon RX 5700 XT 8 GB
  • RAM меморија: 16 GB
  • Слободен простор: 150 GB (SSD)

Студиото GSC Game World ја гледа причината за релативно пониските минимални системски барања во прилагодувањето на игрицата за Xbox Series S - задача за која првенствено не веруваше дека е возможна поради ограничувањата на подостапната конзола на Microsoft.

Тимот тврди дека бил изненаден од фактот што успеал, а тоа искуство значително помогнало во развојот на верзијата за компјутер. Во интервју за Windows Central, од GSC наведоа дека сега веруваат дека секое студио може да ја оптимизира својата игрица за Series S.

Xbox Series S беше далеку од единствената развојна главоболка. Украинското студио мораше неколку пати да го одложи датумот на излегување на игрицата поради војната со Русија, а доколку ве интересира како изгледа развојот во вакви услови, не пропуштајте да го погледнете документарецот што го објави GSC (видеото е на крајот од текстот).

Кога ќе биде лансиран на 20 ноември, „S.T.A.L.K.E.R. 2“ ќе биде достапен на платформите Steam, Epic Games Store и GOG , а сопствениците на тековната генерација на конзоли Xbox ќе можат да го играат бесплатно доколку се претплатат на Game Pass.

Remote video URL
Тагови
реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Гејминг

Пренослив Xbox доаѓа годинава

Read more

Silent Hill f пристигнува на конзоли и компјутер на 25 септември

Read more

EA ја откажа игрицата Black Panther и го затвори студиото Cliffhanger Games

Read more

Audi и Vertagear претставија спортска фотелја за гејмери

Read more
 

Гик

Кинезите ја оживуваат легендата BlackBerry

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Huawei се надмина: Pura 80 Ultra носи камера каква што не сме виделе досега

Читај повеќе

Како да ги блокирате рекламите на вашиот мобилен телефон?

Читај повеќе

Anker повлекува повеќе од милион powerbank уреди поради ризик од самозапалување

Читај повеќе

Samsung „пука сеир“ на Apple

Читај повеќе

Зошто изумира пиратеријата?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

За прв пат снимен јужниот пол на Сонцето

Читај повеќе

Ако имате некоја од овие апликации на вашиот телефон, веднаш избришете ја

Читај повеќе

„Глична“ ChatGPT

Читај повеќе