Железниот Мајк го одбил

Сталоне му понудил на Тајсон улога во филмот Rocky

Откако легендарниот американски боксер Мајк Тајсон ја освои WBC титулата во 1986 година победувајќи го Тревор Бербик, тој побара од Рори Холовеј да му биде менаџер во хотелско лоби во Лас Вегас. Сепак, малку пред тоа одбил да се појави во познат филм.

Станува збор за филмот Rocky во кој глумеше Силвестер Сталоне, но Тајсон бил решен да се фокусира на својата боксерска кариера, па Холивуд не го интересирал.

„Разговаравме во фоајето откако тој стана шампион, а потоа ни пријде Сталоне. Тој рече ‘Еј, Мајк, одлична борба, честитки... можеби можеме да зборуваме за тоа да играш во следниот филм за Роки“.

Мајк го погледнал и ноншалантно одговорил: „Да те прашам нешто, ќе ме истепаш во тој филм?“

Сталоне на тоа му одговорил: „Да, тоа е филм за Роки“, на што Тајсон рекол: „Не, не би ти дозволил да ме истапаш ни на шега.“

„Мислев дека тоа е лудост“, изјави Холовеј.

Сеќавајќи се на своето време со Тајсон, Холовеј рече дека е „апсолутно хаотично“ да се биде негов менаџер. Тој додаде дека постојано морал да се прилагодува на непредвидливата личност на Тајсон и брзиот пораст на славата.

„Во тоа време имаше три Мајка, имено Џордан, Џексон и Тајсон. Од тројцата, мислам дека Мајкл Џексон и Мајк Тајсон беа глобални феномени. Тајсон беше млад човек кој имаше специфично минато и привлече големо внимание на јавноста. Не можеше да одиш никаде со него. Каде и да се појавите застанува времето. Во Харлем затвораа објекти каде и да се појавевме бидејќи илјадници луѓе сакаа да го видат. Таа слава му го отежнуваше животот, бидејќи сакаше да биде нормален, ама не можеше. Понекогаш  сам себе си си беше најголем непријател. Беше тешко, ама истовремено ми беше чест и задоволство. И на Мајк му беше тешко, и мене. Се обидував да го заштитам. Колку повеќе пари заработуваше, толку потешко стануваше. А Мајк беше импулсивен тогаш. Можеше да направиме планови, ама на тоа можеше да сметаме само во наредните две минути. Му бев најблизок пријател, ама му бев и менаџер кој управуваше со неговата кариера. Некогаш тоа беше тешко бидејќи границите беа замаглени, а како стареевме, секогаш чувствував дека е моја работа да го заштитам, но понекогаш не можете да ги заштитите луѓето од самите себе.“

Иако одамна е во пензија, Тајсон утре ќе одигра боксерски меч против многу помладиот Џејк Пол.

реклама

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Силен земјотрес во Турција

Read more

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Read more

Останати спортови

Конор Мекгрегор откри под кој услов повторно би се борел

Read more

Тешка повреда на шампионот: Хорхе Мартин заработи 11 скршеници на ребрата

Read more

Волкановски го врати шампионскиот појас во перо категорија

Read more

Алекс Волкановски на УФЦ 314 ќе настапи со специјален македонски шорц

Read more
 

Спорт

Вардар со службен резултат ја доби Воска, четири високи казни за инцидентите по мечот Струга - Гостивар

Читај повеќе

Модриќ доби 30-дневен договор со Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Вардар и Струга ќе играат во финалето на Купот на Македонија

Читај повеќе

Интер во една недела игра против Милан, Рома и Барселона

Читај повеќе

Зошто поранешните пријатели и соиграчи се игнорираат еден со друг?

Читај повеќе

Конор Мекгрегор откри под кој услов повторно би се борел

Читај повеќе

Се менуваат три правила во нокаут фазата во ЛШ?

Читај повеќе

Консејсаун: За Интер не ни треба дополнителна мотивација

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс израмнија против Минесота, Дончиќ на прагот на трипл-дабл

Читај повеќе