Станбените кредити во февруари со годишен раст од 12,3, потрошувачките од 6,3%

Вкупните депозити на годишна основа во февруари бележат раст од 5,9 проценти, а вкупните кредити се повисоки за 7,7 проценти.

Податоците на Народната банка покажуваат дека порастот на вкупните депозити се должи на зголемувањето на депозитите на двата сектора, коешто е поизразено кај домаќинствата, додека зголеменото кредитирање е исто присутно кај двата сектора, но со малку поголем придонес на кредитите на корпоративниот сектор.

Кредитите на домаќинствата остварија месечен  раст од 0,3 проценти и годишен раст  од 7,2 проценти. Промената по двете основи се должи на растот на кредитирањето во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во странска валута.

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во февруари 2023 година, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, бележат месечен раст од 0,4 проценти и 0,8 проценти, соодветно, при годишен раст од 6,3 проценти  и 12,3 проценти, соодветно.  Овој месец, автомобилските кредити се намалени за 0,3 проценти на месечна основа, додека на годишна основа бележат раст за 11,8 проценти.

Во февруари, кај кредитите одобрени на кредитни картички и негативните салда на тековни сметки е остварен месечен пад за 1,1 процент и 1,3 проценти, соодветно, додека на годишна основа тие се повисоки за 0,8 проценти и 0,4 проценти, соодветно.

Овој месец, кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,5 проценти и 16,3 проценти на месечно и на годишно ниво, соодветно.

Кредитите на корпоративниот сектор во февруари се намалени за 0,2 проценти, во целост како резултат на падот на кредитирањето во денари. Споредено на годишно ниво, кредитите на корпоративниот сектор бележат раст за 8,2 проценти, којшто во услови на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, во поголем дел се должи на кредитите во странска валута.

реклама

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Македонија

Родители најавуваат бојкот откако градоначалникот ја разреши, а министерката ја врати директорката на градинката „Детска радост“

Read more

Шишиња, лименки, конзерви извадени од Охридското Езеро

Read more

Сончево време, попладне порoен дожд, грмежи и ветер

Read more

Град Скопје: Граѓаните добиваат нова ботаничка градина во ЗОО Скопје

Read more
 

Вести

Родители најавуваат бојкот откако градоначалникот ја разреши, а министерката ја врати директорката на градинката „Детска радост“

Читај повеќе

Пешак загина на патот Прилеп-Битола, повредено и дете

Читај повеќе

Кумановец со автомобил удри во две девојчиња

Читај повеќе

Необични правила во Турција на одлучувачкиот ден на изборите

Читај повеќе

Америка се спаси од банкрот

Читај повеќе

Кина избршиша 1,4 милиони објави од интернет

Читај повеќе

Во Скопје се вози брзо – за еден ден казнети 70 возачи

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Со 54 дрона Русите синоќа го нападнале Киев, Украина јавува за еден загинат

Читај повеќе
  • filter

Шишиња, лименки, конзерви извадени од Охридското Езеро

Читај повеќе