Стапи во сила уредбата за задолжителна заштитна опрема, опомени до 30 април, потоа казни

Стапи во сила уредбата со која е задолжително носењето на заштитна опрема на лицето при излегување од домот. Од Владата информираа дека денеска во Служен весник е објавена уредбата која беше донесена на 45-та владина седница.

 
Со уредбата секое физичко лице е должно да носи лична заштитна опрема на лицето при излегување од домот, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица како што се државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично.
 
– Под лична заштитна опрема на лицето со уредбата се подразбира каква било форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично), појаснуваат од Владата.
 
Заштитна опрема на лицето не се носи ако граѓанинот престојува во двор на семејна куќа, вози велосипед или индивидуално спортува на отворено, се движи на јавни места од отворен тип и има можност да се одржува дозволеното минимално растојание од два метра, како и ако патува во патничко возило со лица со кои заедно живее. Лична заштитна опрема не мора да се носи и во ситуации ако лицето носи посебна заштитна опрема кога извршува работни задачи.
 
Со уредбата се утврдува и дека сите домашни и странски правни лица се должни да обезбедат носење на лична заштитна опрема на вработените и да забранат влез и движење на посетителите кои нема да носат лична заштитна опрема.
 
До 30 април во случај на прекршување на одредбите од уредбата ќе се изрекуваат опомени, а потоа ќе се изрекува глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност за секое физичко лице и од 2.000 евра за секое правно лице. На одговорното лице во компанијата или претпријатието, ако постапува спротивно на одредбите од уредбата, ќе му биде изречена глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност.
 
Надлежни за надзорот се Министерството за внатрешни работи, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат. 
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more
 

Вести

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе