„Star Wars: The Last Jedi“ доби искрен трејлер
Ако случајно не знаевте, „Star Wars: The Last Jedi“ ги подели мислењата на оние кои го гледаа. Една група мислеше дека е најдобриот „Star Wars“ филм досега, додека другата група сметаше дека е најлошиот филм на сите времиња.
Кога се зборува за „Star Wars“, мора да се зборува во крајности, па затоа екипата на Screen Junkies оваа недела наместо еден, покани два наратори во епизодата од серијалот Honest Trailers посветена на „The Last Jedi“. Редовниот наратор зборуваше за добрите страни на филмот, додека вториот наратор не можеше да ја задржи во себе неговото разочарување за „Star Wars: The Last Jedi“.