Стара љубов, нов модел: Како изгледа новото „фиќо“?

По стандардната електрична верзија без покрив, стигна и една нова, необична верзија на новиот Fiat 500 - 3 + 1.

Од FIAT велат дека време било за еволуција - морале да одат чекор подалеку и да одговорат на промените во побарувањата на клиентите кои созреале и чии навики се сменија.

Младите луѓе кои излегуваа да се возат низ градските улици после работа сега се вработени мајки и татковци кои се организираат да го однесат или земат детето од училиште, а потоа да го носат на часови по балет или на тренинг, заедно со нивните останати обврски.

Значи, купувачот стана семејство на кое му треба подостапен ентериер, но кој сепак е „кул“, како што се очекува од „фиќо“. Затоа е создаден новиот 500 3 + 1 - целосно електричен, со уште една, мала, но значајна врата.

Дизајнерите работеа на паметно решение што придонесе димензиите на моделот да останат исти како кај кабриолетот и хечбекот, но со мала трета врата од совозачката страна. Како и кај првиот модел „500“ од 1957 година, кој имаше врата на задниот дел.

Резултатот е нова каросерија со непроменети димензии и без додаден ниту еден сантиметар.

Третата „мала врата“ се отвора во спротивна насока, а бидејќи во самата врата нема централен панел, што значи дека е многу полесно да се влезе во автомобилот, полесно е да се натоварат и растоварат поголеми предмети, а децата можат да се сместат на задното седиште побрзо и полесно.

Кога вратата е затворена, ова „фиќо“ не се разликува од кој било друг модел „500“: стилот е ист, како и големината, додека тежината е зголемена за 30 кг.

Во однос на безбедноста, вреди да се спомене дека „малата трета врата“ може да се отвори само кога предната врата е веќе отворена, со цел да се спречи патници назад случајно да ја отворат.

Со верзијата 3 + 1, моделот „500“ има тенденција да остане со клиентите кои ги сменија своите навики и барања, но не и нивниот вкус.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Авто новости

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе