Старт на Копа Америка со 100-та победа на Бразил

Сао Паоло, 15 јуни 2019 (МИА) – Со стота победа на Бразил во Копа Америка, што домаќините ја постигнаа на синоќешниот натпревар против Боливија со резултат 3-0, стартуваше годинешното фудбалско првенство на американскиот континент.

Бразил иако доминираше во текот на целиот натпревар, сепак поради големиот отпор на Боливија, првиот гол успеа да го постигне дури во 50. минута, и тоа преку пенал кој го реализираше играчот на Барселона Филипе Кутињо.

Истиот играч, само три минути подоцна беше автор на вториот гол за домаќините, но овој не од белата точка, туку со удар со глава по прецизно изведен центаршут од десната страна на играчот на Ливерпул Роберто Фирмин.

Третиот гол за Бразил за конечен резултат на натпреварот од 3:0, го постигна резервистот Евертон Соареш, кој мрежата на Боливија ја затресе по само една минута игра.

Инаку, Бразил ја предводи групата „А“, во која освен Боливија, се наоѓаат и репрезентациите на Перу и Венецуела, кои вечерва во 21 часот ќе ги одмерат силите на вториот натпревар од оваа група.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе