Стартува втората сезона на младинското ТВ шоу „Нови херои“

Наскоро почнува емитувањето на втората сезона од младинското шоу „Нови херои“. Овa e телевизиска серија во која тинејџери работат во тимови и прикажуваат реални граѓански проблеми и предизвици со кои се соочуваат во својата локална средина. Младинското шоу има за цел да ја унапреди социјална кохезија и да поттикне соработка кај младите од различни етнички, културни и социјални средини.

Епизодите од втората сезона ќе се емитуваат неделно на телевизиските канали „ТВ 21“ во сабота во 15:00 часот, почнувајќи од 13 февруари и „ТВ Телма“ во 13:15 часот, почнувајќи од 14 февруари. Во 12 нови епизоди гледачите ќе може да следат 16 натпреварувачи на возраст од 14 до 18 години, кои ќе организираат локални иницијативи и акции од различен вид преку кои ќе покажат креативност, снаодливост, тимски дух, соработка, мотивираност и меѓусебно почитување. Втората сезона ќе нè одведе во повеќе места во нашата држава и ќе имаме можност да слушнеме повеќе јазици и дијалекти преку натпреварувачите кои доаѓаат од Кочани, Гостивар, Скопје, Свети Николе, Тетово, Битола и Штип.

„Наскоро започнува втората сезона на Нови Херои, а ние сè уште продолжуваме да го гледаме влијанието на локалните иницијативи спроведени од хероите од првата сезона. Еден месец по снимањето на епизодата во Гостивар, во којашто Џан и Бојана го решаваа проблемот со уличните кучиња и нивното згрижување, општината изгради нов стационар. Во Виница, Матеј и Сара организираа акција за расчистување на патеките за планинарење и рекреативно возење на велосипеди на планината Плачковица. Оваа акција на Матеј инспирираше многу млади да се приклучат во неговата иницијатива, што резултираше со формирање на неколку неформални друштва на велосипедисти и младинска еколошка организација за заштита на животната средина во општина Виница” - вели Марко Соколовски од Проектот на УСАИД за Унапредување на социјалната кохезија, имплементиран од Потрага по заедничка основа.

Remote video URL

Емитувањето на првата сезона на „Нови херои“ заврши во јануари 2020 година. Во првите 12 епизоди, што се емитуваа на националните телевизии „Телма“ и „ТВ 21“, младите учесници поделени во 8 тимови се натпреваруваа во изнаоѓање на креативни решенија за проблеми во нивните општини. Тие преку организирање на локални иницијативи и акции ги поттикнуваа своите врсници да бидат активни и да станат пример за општествена одговорност. Во големото финале на шоуто се натпреваруваа два тима составени од четворицата најуспешните учесници во првата сезона. Членовите на победничкиот тим добија парични награди кои им овозможија продолжување на нивниот личен развој и образование во области по нивен избор.

Телевизиското шоу „Нови херои“ е дел од Проектот на УСАИД за Унапредување на социјалната кохезија имплементиран од меѓународната организација Потрага по заедничка основа. Целта на проектот е да ги унапреди односите помеѓу децата и младите од различни етнички, верски и социјални средини, со цел да се зајакне нивната соработка и заедништвото во државата.

реклама

Откриен е нов сој: Високозаразен, ја намалува ефикасноста на вакцината

Read more

Вучиќ прикажа фотографии со оружје и безживотни тела со траги на мачење

Read more

Пирати, блуд и неморал: Како „Божјата казна го стигна најгрешниот град во светот“?

Read more

Овие се седумте најдобри мобилни телефони во светот

Read more

Промо

Новата Daikin Perfera – парапетна единица за беспрекорен домашен амбиент

Read more

Освоен е стан, за само 100 денари, на инстант лозот „Доме сладок доме“ на Државна лотарија

Read more

Интернет закани: кои се и како да се заштитите?

Read more

Три животни приказни штотуку станаа посреќни благодарение на Милионер Џек Пот

Read more
 

Ново

Дали ПМС ве дебелее?

Читај повеќе

Ибрахимовиќ со моќен говор го затвори фестивалот Санремо

Читај повеќе

Семејствата на починати од COVID-19 го тужат британскиот премиер Борис Џонсон

Читај повеќе

Едноставен потег што може да ви ја спаси врската

Читај повеќе
  • play_arrow

Која е поврзаноста меѓу спиењето и менталното здравје?

Читај повеќе

Стигнаа руските вакцини Sputnik V

Читај повеќе

Како правилно да го проверите нивото на масло во моторот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали е ова најбруталниот старт на сезоната?

Читај повеќе

ДЗС: Неделава попишани вкупно 32.752 лица од дијаспората

Читај повеќе