Статистиката на Јокиќ ја немале ни Џордан, Коби и Леброн

НБА не видела вакви статистики изминативе 35 години.

Српскиот центар Никола Јокиќ ја игра најдобрата сезона во неговиот живот, многумина веќе го гледаат како МВП на натпреварувањето, а во претходните две недели беше избран за најкорисен играч на Западната конференција.

Тој веќе постави многу рекорди, од кои најинтересно е тоа што тој е само вториот играч во историјата на НБА лигата што има ист број на дабл-дабл учиноци во првите 20 натпревари од сезоната, додека постигна уште еден значаен резултат за „пополнување“ на трите најважни категории.

Имено, Јокиќ е првиот играч во последните 35 години што забележал 535 поени, 235 скока и 171 асистенција на првите 20 натпревари во сезоната.

Статистиката често знае да излаже, но во случајот на Јокиќ зборува за неговата посебност.

Толку ретко се раѓаат кошаркари кои се во можност да придонесат на три нивоа - поени, скокови и асистенции - што НБА мораше да чека од 1986 година да се појави кошаркар како Јокиќ, а не треба да се заборава кои сѐ легенди играа во меѓувреме – Мајкл Џордан, Коби Брајан, Леброн Џејмс...

Оваа сезона, Јокиќ има просек од 26,8 поени, 11,8 скока, 8,6 асистенции и можеби не треба да заборавиме на 1,8 украдени топки по натпревар. Покрај тоа, процентот на шутеви е повеќе од импресивен - 57,4% за двојка и уште 38,4% за три поени.

URL
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе